ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Општина Прилеп ги охрабрува граѓани да пријавуваат аномалии во работата на вработените

564

 Денеска  на прес конференција од ОК на ВМРО ,обвини

„Прилеп стана град на криминалот, корупцијата и непотизмот! Град синоним за насилства, убиства, разбојништва, палење коли, тепачки. Ќе беше се поинаку и сфатено како политичка пресметка доколку ваквите констатации не стасуваа од членови и активисти на СДСМ. Веќе 14 месеци во Прилеп сведочиме за криминал до криминал, афера до афера,за кои немаме сознание дека се поведени постапки пред надлежните органи. За жал како да сето ова останува незабележано од прилепското јавно обвинителство и од МВР.Секоја професионална институција досега би постапила по службена должност и би се заинтересирала за расчистување на фактичката состојба поврзана со тврдењето на вработена во Општина Прилеп, која на својот Фејсбук профил имаше објава дека и кажале како за втор случај било земано мито во Прилеп и Општина Кривогаштани за вработување. Истата вработена, позната по нејзиниот професионален интегритет, долгогодишното искуство во новинарското истражување побара од МВР да горасчисти случајот.

Прашуваме дали МВР досега презеде нешто околу ова? Дали постојат осомничени лица, дали можеби е извршен и распит на истите? Бараме под итноградоначалникот на Прилеп да даде изјава околу оваа констатација и да ги посочи можните сторители.Нека се изјасни за овој скандал од невидени размери затоа што прилепчани заслужуваат одговор на ова прашање. Исто така ги повикуваме сите новинари, а сега вработени во Општина Прилеп, кои се истакнати борци за човекови права и слобода, да се зафатат со истражување за овие невидени афери и скандали и пред очите на јавноста да ги посочат сторителите.“-  истакна ,Ирена Стеријовска Локвенец на прес конференција

Од Центар за комуникации со јавност од  ОО СДСМ Прилеп реагираа  на прес конференцијата. Во нивната писмена реакција до медиумите меѓудругото се вели:                                                                 

Времето на „МВРО-ВМРО“ кога постоеше коалиција помеѓу криминалот и власта, заврши со падот на ВМРО-ДПМНЕ од власт во Република Македонија.Денес, полицијата работи професионално и независно и е вистински партнер и заштитник на граѓаните. Тоа се потврдува и со последната анкета направена од страна на ОБСЕ, којашто покажува дека 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедно и сигурно.Денес, институциите се предводени од професионални и одговорни кадри, работат во интерес на граѓаните и неселективно постапуваат на секое прекршување на законите, а стапката на криминал е драстично намалена.Никој не може и нема да биде над правдата и законот, без разлика на политичката провиненција или положба во општеството.

На пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ регарираше и  Општина Прилеп. Во нивната писмена реакција тие, меѓудругото, наведуваат

 Прегласни беа реакциите на граѓаните во минатото за “урбаната мафија“во градот, за мито и корупција во работата на претходната власт, за злоупотреби во процесот на урбанистичките решенија и легализацијата на диво изградените објекти во градот, за кои граѓаните се плашеа да пријават, а кои сега се од интерес на истражните органи на Република Македонија.За разлика од минатите времиња, денес во Општина Прилеп владеат правото и законите, а сите вработувања се вршат врз основа на стручните способности и компетенции на кандидатите и според реалните потреби на локалната самоуправа. Општина Прилеп ги охрабрува сите граѓани, без разлика на партиската или било каква друга припадност, слободно и без двоумење да ги пријават сите нивни сомнежи за аномалии во работата на било кој вработен или именуван функционер во локалната власт.

Целосните писмени реакции и прес конференци ги има редакцијата. Доколку има барање од граѓани,би ги објавиле во целост
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: