ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Коронавирусот пристигна и во Крушево -двајца заболени!

527

По резултатите добиени од Центарот за Јавно  здравје – Прилеп , двајца  Крушевчани се позитивни на Ковид 19– соопшти градоначалникот на Крушево,Томе Христоски на неговиот Facebook.

Лицата се во добра општа состојба и во изолација, a здравствените работници од Крушево работат на откирвање на лица кои евентуално биле во контакт со заразените, со цел да не дојде до проширување.

„Заболените лица, наши сограѓани, се сместуваат во контролирана изолација, со полициски надзор, а претходно прегледани од доктори. Никој од нив не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани. “ -пишува  Христоски

 

 

 

“Сите имаме право да бидеме уплашени, но не да ги напаѓаме оние кои можеби се и недолжни, затоа што сакаат и се наоѓаат дома, лошо е оговарањето, паушалните и непроверени заклучоци и стигматизацијата која се прави кон овие лица. Должни сме непроверените и паушални муабети и оговарања да ги пресретнеме се со цел да не се ствара паника и омраза меѓу моите сограѓани.Нека ги поминат во мир 14-те изолативни денови, а не уште повеќе да им ја отежнуваме состојбата.
Мора да преовладува разумот, состојбата на човечност, колективност, каков што секогаш сме го имале.
Нема место ниту простор за паника!“

Грдоначалникот Томе Христоски повика граѓаните на Крушево да сстанат  во своите домови со и да ги почитувате препораките на Министерството за здравство и да се остаави на професионалците да си ја вршат својата обврска. „Само заедно ќе излеземе посилни од оваа глобална светска пандемија, која за жал, не не одминува ниту нас како општина и град Крушево.“-напиша тој

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: