ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Oткриен нов споменик „ЖРТВИ НА ФАШИЗМОТ“, по повод 3-ти Ноември,ослобдувањето на Прилеп

604

Со положување свежo цвеќe на спомениците на народните херои од страна на преставници од локалната самоуправа , политички партии, граѓани и граѓански здуженија,  градот – првоборец, Прилеп, денеска го одбележува 3-ти Ноември, Денот на конечно ослободување од фашистичкиот окупатор.

По тој повод, во месноста Дабница денеска беше откриен  новиот споменик  „ЖРТВИ НА ФАШИЗМОТ“. Возообновениот споменикот е поставен на местото на стариот.

Статуата, која го симболизира крвавиот масакр каде загинаа 19 млади луѓе, кај Дабница, извршен од страна на фашистичкот окупатор,  на 19-ти септември 1942 год, излеана е во бронза и е дело на првиот академски образован скулптор од Македонија, Димо Тодоровски (1910 – 1983) .Статуата  во чест на загинатите, стоела на овој простор до 2006 год., кога е украдена и просторот станува запиштен.

 

2014  година,   Центарот за стратегии и развој „Пактис“ – Прилеп, во соработка со здружението „Плоштад слобода“ – Скопје, покрена иницијатива за обновување, реставрирање на спомен обележјето од „Масакрот кај Дабница“ и уредување на просторот .

 

Ченто – биографија низ фотографија 

Денеска, уште еден важен настан, поврзан со НОБ и антифашистичкото ослободување. Во градската библиотека “Борка Талески“ , пред присуство на многу гости, беше промовирана книгата „Ченто – биографија низ фотографија“, од авторот Рубинчо Белчески, а  во фоаје на НУЦК „Марко Цепенков“ се одржа и изложбаода текстови и фотографии од биографијата на Методија Андонов Ченто. – Фотомонографијата, „Ченто биографија низ фотографија“ содржии 250 фотографии, и 150 хронолошки текстови и голем број на мисли и говори на Ченто, како и една позната статија на Ченто пред народното собрание, пред одржувањето на Првото заседание на АСНОМ.-потнцира авторот.

 

ВЕЧЕРВА, ДОДЕЛУВАЊЕ НА 3-то НОЕМВРИСКИТЕ НАГРАДИ, НАЈГОЛЕМТЕ ОПШТИНСКИ ПРИЗНАНИЈА , ЗА НАЈЗАСЛУЖНИТЕ ГРАЃАНИ НА ПРИЛЕП 

По повод празникот,  традиционално, на свечена седница на Советот на Општина Прилеп, со почеток во 19,оо часот, во НУЦК ,,Марко Цепенков’’ ќе бидат доделени  Трето – ноемвриски награди, според одлуката  за доделување на награди и признанија на Општина Прилеп, по повод 3-ти Ноември -Денот на ослободувањето. Поздравен збор  на оваа седница ќе има  Градоначалникот на Општина Прилеп.

Покрај наградата за животно дело, Комисијата годинва додели  5 плакети и 9 дипломи, а најпрестижната награда за животно дело, ќе му биде спортскиот работник Ѓорѓи Гешоски за достигнувања во спортот ,односно атлетиката и за промоција на атлетските спротови

                                 

                           Ослободувањето на Прилеп  ,3-ти ноември 1944 година

 Ослободувањето на Прилеп во Втората светска војна е дел од завршните операции за ослободување на Македонија. Во мугрите на трети ноември почнал последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели од кај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишкиот мост. Тоа е последната акција за Прилеп и во градот влегле ослободителите.

Во последните два дена Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4 – ти ноември.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: