ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари го одбележа својот патрон празник

764

ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари денеска одбележа 103 години од раѓањето на својот патрон, како и 63 години од постоењето на училиштето. Градоначалникот Илија Јованоски којшто присуствуваше на оваа свеченост ја нагласи поддршката на Општина Прилеп во насока на создавање услови за непречена настава според европски стандарди во ова и сите други училишта. Тој ги поздрави присутните честитајќи им го јубилејот и посакувајќи многу успех во работата.
За патрониот празник учениците подготвија богата културна програма на која преку рецитали, драмски изведби, танци и го претставија живот и делото на народниот херој, Страшо Пинџур.
„Денеска се навршуваат 63 години од постоењето на училиштето и 103 години од раѓањето на нашиот патрон Страшо Пинџур. И денес ние се трудиме да постигнеме значајни резултати во сферата на воспитно-образовниот процес водејќи се од нашата визија и мисија да станеме познато рурално училиште што со своите образовни кадри ќе конкурира на пазарот на трудот“, посочи Ирена Кироска в.д директор на ООУ „Страшо Пинџур“.
И Општина Прилеп и Министерството за образование и насока даваат поддршка на кадрите во училиштето, со цел нивно активно вклучување во реализирање на многу проекти,што ќе придонесат за подобрувањето на квалитетот на наставата и образованието на секоја генерација основци.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: