CSS Template

„Пејзажни знаци“ прва самостојна изложба на младиот уметник Давид Атанасоски

97
Avtokontrol1

„Пејзажни знаци“ е првата самостојна изложба на младиот уметник Давид Атанасоски, што синоќа (7.06.2019) во присуство на градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, ја отвори историчарот по уметност Викторија Димеска.
Според Димеска творештвото на Атанасоски претставува резултат на инвентивните скулпторски и сликарски истражувања.

– Процесот на преобразување на сликарските елементи во карактеристични пластични објекти, укажува на развиена сетилна релација меѓу материјалот и креативниот творечки потенцијал на уметникот. Едноставните геометриски конструктивни форми и белези упатуваат на длабоко развиено интуитивно и мисловно разбирање на сликарската и скулпторкскта форма, маса, материјал и простор. Создавајќи сопствен автентичен јазик , Атанасоски формира апстрактно асоцијативни и геометриски форми, поставувајќи ги и распоредувајќи ги хоризонтално, вертикално и дијагонално во просторот на самата конструкција, притоа врамувајќи ги експресивните решенија во т.н. квадратни форми или „касети“ – посочи на отворањето на изложбата Димеска.

Давид Атанасоски во 2018 година заврши Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство во класата на професор Исмет Рамиќевиќ, со конзервација и реставрација. Досега има реализирано повеќе групни изложби во родниот Прилеп, во Скопје и на почетокот од годинава во Њујорк.

Vivafarm
Ciflik
Farma Dolneni