CSS Template

Пелагонија има највисоки производни трошоци на житните култури

ДИЗ: Откупната цена на пченицата од 9 до 10,5 денари

88
Avtokontrol1

Во полн ек на жетвата на јачменот и пченицата, се прават контроли и пресметки за откупната цена и производните трошоци. Според соопштението на Државниот инспекторат за земјоделство по спроведените контроли на компаниите
коишто вршат откуп и преработка на пченица од реколтата 2019-та, утврдено е дека откупната цена изнесува од 9 до 10,5 денари. Инспекторите извршиле контроли во шест откупни компании во Велес, Свети Николе, Кочани, Кривогаштани и Битола. Откупната цена по килограм се движи во зависност од класите дали е прва, втора или трета класа.
Интересна е споредбата на производните трошоци и откупните цени:

– Според податоците од Агенцијата за поттикнување и анализите спроведени од Одделението за сметководствени податоци при МЗШВ, во различни региони
производната цена на пченицата, базирана врз основа на производните
трошоци е различна. Во битолскиот регион производните просечни трошоци за
килограм пченица изнесуваат 9,33 денари, во штипскиот регион производната
цена е 6,92 денари за килограм а во кумановскиот 8,03 денари за килограм, се вели во соопштението од МЗШВ.

 

Јачменот во 2019 година е засеан на околу 60.000 хектари. До денеска, се околу 90 % од површините при што е остварен просечен принос од околу 3,5 тони/ха. Пченицата беше засеана на околу 70.500 хектари и до денеска се ожнеани се околу 40% од засеаните површини со остварен просечен принос од околу 3,6 тони/ха во зависност од регионот.
Оваа година се очекува производство од пченица да се движи од 240.000 до
250.000 тони или за околу 4% поголемо производство од 2017 година.
Пред почетокот на жетвата во Министерството за земјоделство,шумарство и
водостопанство, беа одржни состаноци на Потсекторската работна група за
жита во којашто членуваат претставници од стопанските комори, земјоделски
здруженија и од секторите од МЗШВ. Агенцијата за стокови резерви минатата
недела го објави јавниот оглас за набавка на 7.165 тони меркантилна пченица
за обнова на потребите на стоковите резерви, што во овој период ќе влијае
позитивно на пазарот на пченица во делот на зголемување на откупната цена.

Vivafarm
Farma Dolneni