ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пелагонија Ни старее! Прилеп бележи негативен прираст – Долнени позитивен

ДЗС:Во третото тримесечје од 2017 година, во Прилеп се родиле 186 лица, а починале 221

710

ДЗС: Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.7% и изнесува 5 866 живородени деца. Бројот на умрените лица, во третото тримесечје од 2017 година, бележи зголемување од 3.4% во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4 823 лица, а од нив 64 се умрени доенчиња. Во првите девет месеци од годинава во Македонија починале 185 доенчиња.

Во ова тримесечје од 2017 година во Прилеп се родиле 186 лица, а починале 221, односно – 36, помалку лица. Склучени биле 150 бракови, а разведени биле 10.

Во Кривогаштанската општина во ова тримесечје се родиле 18 лица, а починале 20 , со што природниот прираст е намале за – 2, помалку лица. При тоа биле склучени само три брака и се развел еден пар.

Во Долненската општина во третото тромесечје со годината се родиле 41 лице, починале 29, или природниот прирас во оваа општина е зголеме за 12-ет , што  за разлика од другите околну општини во Пелагонискиот регион престаува позитивен тренд. Брак,пак, склучиле 26 лица и нути едно семејство, од оваа општина, во ова трето тромесечеја ,не е регистирано како разведено.

Што се однесува до Крушево, статистиката говори дека природниот прираст во оваа општина е речиси нула, колку родени ,така речено,толку и умрел, односно се родиле 28 лица, а 27 починале, додека бракови  се склучени 14 ,а  5 се разведеле.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: