CSS Template

Петкратниот светски првак во посета на Прилеп

210
Avtokontrol1

Има само тринаесет години а веќе во својата колекција има освоено 8 пехари , 12 медали и 24 сертификати од борби во кикбокс , поинтфајтинг и лајт контакт.Македонскиот “воин” како што го нарекуваат Виктор Димовски кој е по потекло од Велес , во посета на Прилеп.Димовски е петкратен светски првак , интернационален првак во лајт контакт и европски првак во кикбокс во категоријата од 45 до 53 килограми.Својот успех Виктор за време на престојот во својата татковина го сподели со неговите врсници  од неколку градови од земјава а меѓу нив и членовите на боксерскиот клуб Ас и Лидер од Виница.

Како што и самиот вели гордост е да се настапува за својата земја во Германија каде е член на академијата за боречки вештини ТАЕ КАДО.Тој се натпреварува во WKU,WMFS и MAA.Неодамна ја освои титулата во WMFS  триумфирајќи против натпреварувачи од Бразил,Франција,Германија, Англија и во финалето Полска каде во градот Нортхорн ја освои светската титула.

 

Овој млад спортист чија цел е во иднина полека да зачекори во ултимајт фајт , ветува дека ќе се надоградува, за да  потоа продолжи со своите успеси кои за негова возраст се неверојатни , не само заради неговата храброст да влезе во ринг туку и заради неговата две годишна работа  во кикбоксот и шестгодишната во карате шотокан.

Farma Dolneni
Vivafarm