ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пијано маратон на учениците од ОМУ „Ордан Михајлоски Оцка“ Прилеп

656

Tрадиционалниот пијано маратон на кој настапија ученици од Основното музичко училиште „Ордан Михајлоски Оцка“ Прилеп се одржа денеска vо преполниот изложбен салон во Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Над 30 учесници го покажаа својот талент. Пијано маратонот, беше посветен на македонското музичко творештво, за поголема афирмација и запознавање на учениците и публиката со македонската класична музика за инструментот пијано и со македонските композитори.

Талентираните пијанисти настапија со композиции од В.Николоски, Т.Зографски, Цанев, Прошев, В. Аврамовски и народни композиции.
За најуспешните кои во најдобро светло се претставија пред публиката имаше пригодни награди.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: