ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пловејќи низ медиумската писменост младите водители прашаа:„Дали новинарите се борци за објективноста или за вистината?„

434

Се одржа и втората емисија „Од млади за млади“ како дел од  проектот „Учење за медиумите од најмала возраст“ на тема: „Пловење низ медиумската писменост“.  Гости во емисијата, овој пат, беа новинарите Снежана Каратошеска, новинар и уредник во локалното прилепско радио, „Радио Холидеј“ и Елизабета Филипоска, новинар во локалната радио станица, “Радио Пела“, Кривогаштани.  Младите водителите, Михаела Петреска и Христијан Пусоски се интересираа за тоа: „Кој е предизвикот да се работи во локална радио станица?„,“Кои се предностите, а кои се тешкотиите да се работи како новинар во локалната заедница?“, “Како локалните новинари знаат кои информации треба да ги селектираат во нивните информативни програми и дали се  соочуваат со „лажните вести?“. Младите водители , пловејќи низ медиумската писменост се е интерсираа и за тоа “дали новинарите се борци за објективноста или за вистината? Какво е времето денес за оваа професија, тешко или поедноставно?“… Емисијата  се емитуваше и преку “стриминг“ на социјалната мрежа facebook , каде слушателите имаа можност да ја следат и визуелно

https://www.facebook.com/radiopela/videos/2856803951006884/

 

Активноста на радио Пела е во рамките на проектот  „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан„ кој го спровeдува Македонскиот институт за медиуми и Албани асошиејтс заедно со регионални организации за развој на медиумите.  Проектот е финансиран од Британската влада.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: