CSS Template

Подарете надеж – хуманитарна вечер за помош на семејството чија куќа беше опожарена

172
Avtokontrol1

В петок,  (14- ти февруари , 20:30 часот) во фоајето на Центарот за култура “Марко Цепенков” – Прилеп, ќе се одржи “Поетско-музика вечер”, настан кој има за цел да собери средства , за помош на прилепското семејството чија куќа беше деновиве  опожарена.  Настанот е во организација на младите од  “Лajoнс клубот” од Прилеп, Лео Клуб – Прилеп, кои во многу наврати  ја покажувле својата хуманост.

“ Ќе се дружиме со вкусот на музиката, аромата на поезијата прегратката на виното“ стои во нивнта покана, која е отворена за сите

“Заедно, за нашиот празник Св.Трифун опиени од МАЛКУ вино и МНОГУ љубов, ние – подмладокот од Lions заедно со талентираните деца од средните училишта на Општина Прилеп, Duo acoustic Катерина Попоска – вокал и Илија Чакароски – гитара и The Dreamers, ви нудиме незаборавна вечер. Лео Клуб – Прилеп за вас, а сите заедно СПЛОТЕНИ да помогнеме на фамилијата Спиркоски за обновување на опожарениот дом. Љубете, уживајте и донирајте. Најубава комбинација е да наздравите во име на љубовта со чаша црвено вино!”, напишаа организаторите на настанот на Фејсбук.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm