CSS Template

Подгответе се за „Вен ин Крушево 2019“, фестивал – атракција

73
Avtokontrol1

„Вен ин Крушево 2019“, еден од најуспешните и најпопуларните настани на атрактивната туристичка дестинација – Крушево ќе се одржи од 21 фо 23 јуни. Тоа се 4 дена исклучителна можност да се искуси природна убавина што овој град и околината може да ја понуди.
Веќе се испланирани повеќе интерактивни содржини за рекреација како што се: параглајдинг, кајакарење, планинарење возење велосипед низ планинските патеки, пинг понг, јавање коњи, јога, а обезбеден е простор за најмладите каде ќе можат да се забавуваат низ игра.
Фестивалот ќе се одржи на Крушевското Езеро кое ќе биде камп за одржување на многубројните планирани активности.
Посетителите, учесници на богатата програма ќе можат да ја вкусат традиционалната храна, неповторливите специјалитети, а сето тоа надополнето со музика. Имено, на фестивалот учество ќе земат Invictus,NATTY FIYAH SS, DJ Бапчу, Тhe Hounds, TODOROFF и други групи и диџеи.

Целосната програма на фестивалот проследете ја линкот:

http://krushevo.com/mk/events/when-krushevo-2019  

Farma Dolneni
Ciflik
Vivafarm