ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Помош за изградба на црквата „Свети Наум“, џамијата во Тризла и на Победа, одлука на Советот на Општина Прилеп

1.133

Советот на општина Прилеп ја одржа 32 та седница на која беа 74 точки на дневниот ред. Советниците одлучија да им се додели помош во износ од по 500 илјади денари за доизградба на црквата „Свети Наум“ и џамијата во населбата Тризла.
Воедно, советниците дадоа зелено светло за дополнителни 1 милион и 200 илјади денари за помош на Победа. Опозицијата побара, а претседателот на Советот Миле Талевски ја задолжи соодветната комисија, за досегашните 3 милиони денари од фудбалскиот клуб Победа да достават извештај за тоа дали средствата се наменски искористени од општинскиот буџет.
Советот донесе одлука за прифаќање на донација од Витаминка, товарно возило за потребите на Противпожарната единица Прилеп во износ од 544 илјади денари.
Покрај тоа, советниците одлучуваа и за тековни прашања поврзани со работата на јавните претпријатија и основните и средните училишта, организирање на екскурзии, поставување на членови на училишни одбори.

„Советот даде согласност на Програмите за изведување научно наставни екскурзии во учебната 2019/2020 година во основните училишта, за III, V, VI и IX одделение, а ги усвои и измените и дополнувањата на Решението за именување претставници на општина Прилеп во училишните одбори. Советниците ја усвоија и Информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност од Прилеп, за првото полугодие од 2019 година. Исто така, членовите на Советот ги прифатија Одлуките за пресметување на бодот на платите на вработените во јавните комунални претпријатија и Домот за стари лица ‘Киро Крстески – Платник“, изјави претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски.

На денешната седница прилепските советници дадоа согласност за Годишниот план за вработување во 2020 година и Статутот на Домот за стари лица, а ги усвоија и предлог одлуките за легализација на бесправно изградени објекти на граѓани од Прилеп и населените места.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: