CSS Template

(Посхумно) АЛЕКСАНДАР ДВОРАЧАНЕЦ САЛЕ – блуз музичар – Предлог бр.9 на Радио Пела, за најпрестижната општинска  награда “3-ти Ноември  – Блузер до крај

1.538
Avtokontrol1

        БЛУЗЕР ДО КРАЈ !!!

Со  ведар дух и секогаш насмеано лице музичката сцена минатата година останаа без фронтменот и мајстор на усна хармоника од познатиот прилепски блуз бенд “Crossroad Blues Band”, Александар Дворчанец- Сале. Човекот кој го сакаше блузот и живееше за него и преку блуз музиката го промовираше својот град, бидејќи блуз бендот, беше поканувам и патуваше секаде низ Европа.

Тој остави трага во музичкиот свет, која ќе ја паметат вљубениците на блузот, не само во Македонија, туку и на Балканот, заради неговата оригиналност, посветеност и вљубеност во она што го работше.  За Сале блузот беше начин на размислување, стил на  живење , а  македонската реплика на блуз музиката, можност за музчичко изразување.

Уживателите на добрата блуз музика и на свирките во живо, сигурно вечно ќе го памета како човек кој со неговиот бенд Crossroad Blues Band, имале можност да присуствуваат и да уживаат на одлични журки и одлична хармонија што овој блуз вокалист, ја имаше со публиката. Дваесетгодишната блуз идеологија , Александар Дворачанец-  Сале ја преточи во три студиски албуми: Tutun Blues,Still living the blues, Градско дете,чии заеднички иментил им е македонскиот јазик или блузот на македонски јазик. Неодмна „Кросроуд Блуз Бенд“ и Сале го отвора Blues & Soul Festival 2018, во Скопје, а патуваа низ сите држави на Балканот и Европа пренесувајќи го ритамот на македонски блуз.

 

 

Вечно замина човекот кој живееше за блузот

Почивај во мир БЛУЗЕРУ ! 

 

 

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

Farma Dolneni
Vivafarm