ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Последната група од 222 работници замина од Тутунски Комбинат Прилеп

787

Заврши последната фаза на реорганизација на Тутунскиот Комбинат во Прилеп со доброволното заминување на втората група работници. „Од големиот број на пријавени менаџментот на ТКП ги прифати пријавите на 222 вработени“, се вели во соопштението на компанијата. Очекувањата на менаџментот се дека со тоа значително ќе се зголеми ефикасноста на Комбинатот.

„Пред истекот на календарската 2017 година се раздолживме кон државата исплаќајќи долг стар 6 години, почнавме со редовно сервисирање на обврските кон доверителите и банките, а имавме и година со добар откуп на тутун, така што изминатиот период направивме значителен чекор напред за враќање на финансиската стабилност на компанијата. Остана како последно довршување на процесот на реорганизација каде беа опфатени лица кои се со висока старосна структура. Со овој чекор одиме напред кон зголемување на ефикасноста паралелно со веќе отпочнатиот процес на модернизација”, истакна Кире Станкоски, генерален директор на ТКП.

Тутунскиот комбинат од Прилеп во изминатите години интензивно работи на трансформација на своето работење и со тоа започна да бележи позитивни резултати. Веќе денес Комбинатот нема долгови кон државните институции и навреме ги плаќа обврските кон деловните партнери и банките.

Според Министерот за економија Крешник Бектеши, добро е што Тутунскиоткомбинат во Прилеп кој со децении беше загубар а со тоа и еден од најгорливите проблеми на државата конечно застанува на „здрави нозе“.

„Како Влада навистина сме задоволни што еден толку битен индустриски капацитет во земјава и особено за Пелагонискиот регион конечно почнува да работи рентабилно, почна да се осовременува, да го проширува производството и е на вистински пат да стане модерна и успешна компанија. Ние како Влада водиме грижа за тутунопроизводството бидејќи тутунот е од исклучителна важност за државата. Од него имаме голем девизен прилив, а истовремено од него живеат и 23.000 семејства во Македонија”, рече Бектеши.

Доброволното заминување од компанијата беше спроведено во соработка со Синдикатот, а новите пакети кои беа понудени на вработените беа изработени со голема транспарентност и врз подобрен принцип, што резултираше и со голем број апликации.

„Ова е последна фаза на реструктуирање во ваков формат и затоа и интересот на вработените беше голем. Дополнително, доброволните пакети, односно условите за заминување беа направени на подобар и транспарентен начин, така што луѓето се пресметаа и голем дел од нив, најмногу оние што имаат уште неколку години до пензија, решија да ја искористат понудената шанса“, вели Игор Китаноски од синдикалната организација на ТКП.

Тутунски Комбинат Прилеп бележи позитивни години по стратешкото партнерство со Филип Морис. Со процесот на реструктуирање, како и со модернизацијата помогната од светскиот тутунски гигант, со подобрување на квалитетот на производите и со проширено портфолио во согласност со потребите на потрошувачите, се очекува ТКП да ја подобри ефикасноста и финансиската стабилност на компанијата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: