ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Предновогодишни средби на градоначалниците од Прилеп и Крушево со најмладите

758

По повод претстојните Новогодишни и Божикни празници, традиционално и оваа година градоначалникот Илија Јованоски беше во посета на дел од градинките и основните училишта во општина Прилеп.

Градоначалникот ги посети првооделенците од ООУ „Блаже Конески“, дечињата од детските градинки „Тризла“ и „Гоце Делчев“, штитениците во Дневниот центар „Ѕуница“ и учениците од посебните паралелки во ООУ „Климент Охридски“.

Како и секоја година, така и оваа Општина Прилеп се погрижи 3.024 новогодишни пакетчиња да бидат дистрибуирани до сите првачиња во основните училишта и до дечињата во детските градинки.

И градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денеска присуствуваше на предновогодишната приредба во детската градинка „Гонча Туфа“ и додели пакетчиња на децата и младите од Дневниот центар за деца и младинци со посебни птореби.
Градоначалникот ги честита Новогодишните и Божиќните празници на присутните, а од децата и млади кои престојуваат во Дневниот центар доби Новогодишна честитка.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: