ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ НА КАМИОНИ

622

Започнува координирана акција за сузбивање на нелегалното уфрлување на мигранти и бегалци во камионите на возачите од Македонија, кои учествуваат во меѓународниот сообраќај, од страна на трговците со луѓе .Акцијата ја спроведува Националниот координативен центар за гранично управување при Владата на Република Македонија заедно со Стопанската комора на Македонија.

Целта е, да се гарантира безбедноста на возачите на камиони, како и да се спречат несаканите последици врз возилата.

Имено, сите учесници во меѓународниот сообраќај ќе добијат флаер (леток) на којшто јасно се објаснети и визуелно се претставени измамите кои ги прават трговците со луѓе злоупотребувајќи ги мигрантите и бегалците. На истиот се испишани и препораки како да делуваат возачите за да се заштитат од оваа нелегална појава. На граничните премини, исто така ќе бидат поставени и постери со идентична содржина.

Флаерите и постерите се испишани на македонски, англиски и на албански јазик

Националниот координативен центар за гранично управување при Владата на Република Македонија, Стопанската комора на Македонија, Царинската управа на Република Македонија и „SCHENKER“, ДООЕЛ – Скопје, преку заедничка соработка, во следниот период ќе ги информираат возачите на камиони од Република Македонија како да се заштитат –информираат од  Дирекција на здруженија и регионални комори

Стопанска комора на Македонија

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: