CSS Template

Прерано згасна “ЦРНАТА МАМБА”( Видео + Фото )

Секогаш број 24 ! Идолот на многу генерации !

164
Avtokontrol1

Замина најдобриот меѓу најдобрите.Прерасно згасна животот на ЦРНАТА МАМБА , идолот на многу генерации , еден од најголемите на сите времиња.Коби Брајанат загина во Калифорнија во хеликоптерска несреќа  а заедно со него  се наоѓала и неговата ќерка 13- годишната Џана Марија Оноре позната како Џиџи.Тешко е да се поверува , светот е во шок и со неверување  ја прифаќа реалноста.Оние кои се поклонуваа на неговата врвна кариера  а некои и му беа и колеги  напишаа:

Скоти Пипен : “Зборови не можат да го опишат она што го чуствуваме денеска”

Двен Вејд : ” Едноставно не можам да поверувам”

Шекил Онил : ” Лошо ми е брате … те сакам”

Демијан Лилард од Портланд: Леле!

Мајк Конли од Мемфис: Не човеку!

Ману Џинобиле, легенда на Сан Антонио: Уништен!

Андре Драмонд од Детроит: Ова не може да е вистина!

Лука Дончиќ од Далас: Ове не може да биде вистина!

Џамал Крафорд: Нема шанси, нема шанси,… Те сакам Коби!

Големата пак фудбалска ѕвезда Нејмар со гол во мрежата на Лил во француската лига се прости од големит Коби.

За трагичната вест разбраа и “обичните” неговите фанови кои спонтано се собираат пред “Стејплс Центарот ”  во Лос Анџелес  за да му оддадат почит на човекот кој целата своја кариера ја помина во Лејкерси.

Од 1996 до 2016 година настапуваше за ЛА Лејкерси.. Беше 5 пати НБА шампион, златен медал на Олимпијадите во Пекинг и Лондон, 2 пати МВП на финалето во НБА, МВП на НБА лига во 2008 година, 2 пати најдобар НБА стрелец, 18 пати „Ол стар“, 4 пати МВП на Ол стар, 11 пати избран во првиот тим во НБА, 9 пати во првиот одбранбен тим на лигата, победник во натпреварот за забивање во 1997 година и многу други разновидни рекорди.
Единствениот кој достигна 30.000 поени, 6.000 асистенции и 6.000 скокови, тој е исто така играч со најмногу промашени удари во историјата.
Драфтот во НБА од 1996 година сеуште се смета за еден од најквалитетните подготвувајќи таленти за историјата на најсилната лига во светот кои подоцна станаа големи НБА ѕвезди: Стив Неш, Ален Ајверсон, Бен Волис, Реј Ален, Стефон Марбури, Предраг Стојаковиќ и да, првиот бек шутер драфтуван директно од средно училиште-тогаш 17-сетгодишникот по име Коби Брајант. Тој беше избран како 13-ти пик од Шарлот Хорнетс, но беше драфтуван во Лос Анџелес Лејкерс во замена за Владе Дивац. Остатанатто е веќе историја
Гери Пејтон за него ќе рече: „Коби беше многу млад и незрел на некој начин, но можам да Ви го кажам ова: сè што прави Коби сега, тој ми рече одамна дека ќе стори. Еднаш седевме во автобусот и тој ми рече: „Ќе бидам првиот стрелец на Лејкерс, ќе освојам пет или шест титули и ќе бидам најдобриот кошаркар во лигата.“ Си реков, Ок ќе бидеш!!!.“ Потоа ме погледна директно во око и ми рече: „Ќе бидам Вил Смит во НБА-лигата “.

Седум интересни работи за кариерата на Брајант кои веројатно не сте ги знаеле:
1. Во својата кариера, Брајант постигна 40+ поени против секој тим во лигата.
2. Мечот со Торонто на кој постигна 81 поени (од вкупно 122 на Лејкерси) е највисок процент на учинок на еден играч во вкупните поени на неговиот тим (66 проценти) и највисок процент на еден играч од вкупните поени на играта (36%).
3. Единствениот играч во последните 50 години кој на 4 натпреевари по ред постигна 50+ поени-тоа му појде од рака во 2007 година.
4. Коби е и натаму најмладиот играч кој досега постигнал 30, 31, 32 и 33 илјади поени.
5. Го држи рекордот на Лејкерс во постигнати 60+, 50+, 40+, 30+, 20+, 10+ поени. Тој одигра 6 натпревари на кои поостигна над 60 поени, на 26 меча постигна над 50 поени а на дури 124 натпревари беше стрелец на над 40 поени .
6. Коби е единствениот играч во историјата на лигата кој 3 сезони по ред постигна 600 плеј-оф поени.
7. Од доаѓањето на Брајант во лигата, 57 играчи имаат постигнато повеќе од 50 поени на натпревар, но само тројца го направија тоа повеќе од 10 пати. Покрај Коби, тоа се Ајверсон и Леброн.
Затоа Коби е еден од најголемите досега во овој спорт.

И на крајот 24 СЕКУНДИ ВО ЧЕСТ НА НАЈГОЛЕМИОТ , НА НАЈДОБРИОТ.

РИП ГОЛЕМ ЧОВЕКУ !

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm