ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Претседателски избори – како е во Пелагонија?

720

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 71,67% од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,65%, проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,33% а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,83%. Бројот на неважечки ливчиња изнесува 4,09%.

Во прилепскиот регион од Пелагонија во Општина Прилеп Силјановска води со 47,33% пред противкандидатот Пендаровски 46,57%, а Река освоил 0,89% од вкупниот број обработени гласови.

Во Општина Кривогаштани Силјановска води со 53,20%, наспроти 42,00% за Пендаровски, а Река освоил 0,64%.

Во Општина Крушево Пендаровски освоил 50,05% од гласовите, наспроти 42,26% за Силјановска Давкова, за Река гласале 3,64%.

Општина Долнени  50,95% за Пендаровски, 27,66% за Силјановска Давкова и 18,91% за Блерим Река.

Во битолскиот дел Општина Могила со пребројани 100% од гласовите Г.С.Давкова освила 1.620 гласови или 56,74%, за С. Пендаровски гласале 1.119 или 39,19%, а за Б. Река гласале 25  или 0,88% .

Општина Новаци каде заврши пребројувањето на гласовите за Г. С. Давкова гласале 964 или 52,45%, за С. Пендаровски гласале 764 или 41,57%, а за Река гласале 20 или 1,09%.

Интересно е Битола каде што е „мртва трка“ за целиот тек на пребројување на гласовите според ДИК. На 77,65% од преброените гласови за Г.С.Давкова гласале 12.867 или 46,61%, за С. Пендаровски 12.817 или 46,43%, за Б. Река гласале  652 или 2,36%.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: