ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Презентирани домашни и меѓународни искуства за граѓански активизам применливи во нашите локални средини

326

Во десет општини низ државата Центар за граѓанска иницијатива организираше Консултативни форуми. Форумите ги водеше г-дин Горан Михајловски од „Сакам да кажам“ , а
учесници беа млади (гласачи за прв пат), жени, малцинствата (етнички, верски), претставници на политички партии, локални самоуправи и медиуми.
Пред присутните беа презентирани домашни и меѓународни искуства за граѓански активизам кои се прифатливи и применливи во нашите локални средини. Граѓаните беа активни на овие средби пренесувајќи лични искуства, но и предлагајќи нови иницијативи за нови граѓански акции и соработки со локалните институции.
Со оваа активност ЦГИ ги стимулира младите во иднина да преземат лидерските улоги во различни развојни иницијативи на нивните заедници, а специфичните групи во иднина да бараат транспарентност и одговорност.
Овие средби кои ги организираше Центар за граѓанска иницијатива се во рамките на нивниот проект Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: