CSS Template

Прилеп дел од Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир

86
Avtokontrol1

Општина Прилеп, преставувана од градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, беше дел од 30. Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир, кое годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, од 25 до 29 септември, и на кое учествуваа претставници од 113 градови од светот.

Темите на кои се разговараше на годинешното 30.генерално собрание, беа поврзани со одржливите развојни цели на Обединетите нации, промоција на културата за мир во 21 век со ставање акцент на Декларацијата на ОН за човекови права и создавање на инклузивни, безбедни и одржливи градови.

Во свое излагање градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски преку  видео презентација, го пренесе  природните богатства, културно-историското наследство и можностите за инвестирање кои ги нуди општина Прилеп.

“Она што беше клучно покрај договорените теми ,  е тоа што остварив билатерална средба со градоначалникот на Сараево со кој разговаравеме за  начинот и можностите за заедничко аплицираење со проекти во европските фондови за развој , но и за можностите за воспоставување на заедничка економска соработка помеѓу двата града , како и склучување на договор за збратимување што би преставувало одлична можност за  културна, спортска и граѓанска соработка помеѓу Прилеп и Сараево“ – истакна градоначалникот на прилеп, Илија Јованоски на денешниот брифинг со новинарите .

Farma Dolneni
Vivafarm