ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп доби прифатилиште за кучиња, дали проблемот со кучињата скитници ќе биде решен?

1.813

Јавното комунално претпријатие Комуналец на 12 декември доби одобрение за работа на Прифатилиште на кучиња скитници. Со тоа, Прилеп е еден од неколкуте градови во Македонија, покрај Скопје, Велес и Штип кој доби прифатилиште– екипирано и опремено според сите стандарди и прописи. Прифатилиштето се наоѓа кај поранешниот сточен пазар и е ставено во служба на граѓаните и општината. Што значи прифатилиштето за кучиња скитници за Прилеп, но и за соседните општини ?
– ЈКП Комуналец и официјално може да врши услуга за да ги прибира сите бездомни кучиња, да изврши преглед, медицински третман и да ги социјализира до 1 месец, законски, во прифатилиштето, а потоа според легислативата тие кучиња прочистени, со медицински третман и чипирани, да се вратат таму од каде што биле заловени. Обезбедена е екипа од лекар ветеринар, кој што ќе врши стручен третман на заловените животни, како и 3 заловувачи, шинтери. Опремени сме како кадровски, така и технички, така што можеме да ја вршиме услугата на општината и за нашите граѓани. Моментално капацитетот е со 30 кучиња, кој што може да ги чуваме и да ги опслужуваме медицински и да ги храниме. Веќе има најави за соработка со соседните, кои немаат прифатилиште, а по закон мора и тие да реагираат со кучињата скитници, вели Звонко Јованоски, директор на ЈКП Комуналец Прилеп.

Но основното прашање е дали со прифатилиштето ќе се реши проблемот со кучињата скитници? Неконтролираното намалување на бројот на кучињата скитници се судира со закон, а третманот на заловените кучиња мора да биде под строга контрола на стручни лица и проблемот повторно се враќа на улица.
-Проблемот не може да го реши ниту ЈКП Комуналец, ниту Општината. Решавањето на проблемот треба да се реализира системски, на највисоко ниво, со законска регулатива. Зашто основното прашање е: ШТО СО ОВИЕ КУЧИЊА СКИТНИЦИ??? Според новиот закон за хуман третман на животните, овие кучиња скитници, не смеат да се успиваат. Единствено може да се усмртуваат тие што се најтешко болни од заразни болести кои што претставуваат опасност за околината. Со тоа што ги заловуваме тие животни, ние можеме да ги кастрираме, што има одредна цена на услугата, но сепак, тие кучиња мораме да ги вратиме назад, на улица, додава Јованоски.
Она што е важно за граѓаните е дека домашните миленичиња, треба да се чуваат дома, во нивните дворови, а доколку се изнесуваат надвор, тие треба да се обезбедени со поводник, да бидат заштитени со маски, да не ги пуштаат неконтролирано на јавните површини низ градот. А ако се појави домашно милениче неконтролирано во градот, екипата на ЈКП Комуналец го заловува, и потоа сопственикот треба да си ги наплати сите услуги кои службата ги врши за Општината. Граѓаните треба да знаат дека кога ќе видат бездомни кучиња во глутница, или поединечно, треба да пријават на телефон во ЈКП Комуналец 428 992. Следно е Управниот одбор на јавното комунално претпријатие да го одобри договорот за соработка со одредена ветеринарна станица, според утвреден ценовник за дополнителните услуги.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: