ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп домаќин на 17-та Регионална ревија на песни, музика и игри на пензионерски здуженија

578

Здруженијата на пензионери од Прилеп, Битола, Крушево и Демир Хисар, денеска во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја одржаа 17-тата Регионална ревија на песни, музика и игри. На манифестацијата покрај градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски присуствуваа и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, претставници од Здружението на борци од Прилеп, преседателот на Собранието на Сојузот на пензионери на Македонија, Илија Адамоски, претставници од Здружението на инвалидизирани пензионери и голем број пензионери од четирите општини. Настапите на четирите здуженија со песни и ора од богатата ризница на нашата земја беа тематски различни.
Заблагодарувајќи им се на сите учесници за љубовта и ентузијазмот со кој го негуваат и презентираат фолклорното наследство, пензионерските средби ги поздрави и претседателот на Здружението на пензионери на Општина Прилеп, Славко Трајкоски.
Присутните ги поздрави и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски нагласувајќи дека делувањето на пензионерите е од особено општествено значење, притоа честитајќи го изборорт и назначувањето на претседателот на Сојузот на пензионери на г-ѓа Станка Трајкова.
Регионалната ревија на песни, музика и игри за отворена ја прогласи претседателката на Сојузот здруженија на пензионери на Македонија, Трајкова.
„Со оваа реионална ревија започнува пролетното музичко пензионерско движење, преточено во регионални ревии кое почнува во Прилеп а завршува на 20 мај во Вевчани. Ќе се одржат 8 регионални ревии во април и мај месец, а како заеднички именител за сите е зачувување на фолклорот, кој се пренесува од колено на колено„, истакна Станка Трајковска, претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.
Републичката ревија на песни, музика и игри оваа година ќе се одржи на 7 јуни а на истата ќе настапат најуспешните.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: