ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост

550

Со пригодна програма, грижливо подготвена од лицата кои се згрижени на дневна основа, „Ѕуница “ го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Весело беше во Дневниот центар, кој што претставува втор дом на лицата згрижени во оваа институција. На традиционалната манифестација по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост присуствуваа родители, пријатели и поддржувачи на центарот, градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, како и директорот на Меѓупштинскиот центар за социјална работа Прилеп Дејан Тошески. На институциите кои ја поддржале работата и опстојувањето на Дневниот центар Ѕуница, им беа доделени пригодни благодарници.
-. Меѓуопштинскиот центар за социјална работа под чии ингеренции се двата центри „Ѕуница“ и Центарот за деца со церебрална парализа континуирано работи за подобрување на условите за престој на децата. Мораме да им помогнеме на овие лица да имаат место каде ќе го поминат својот ден да ги вратиме во средината и во заедницата, да им ги унапредуваме нивните права и да им го направиме животот со сите пречки кои ги имаат, многу полесен од колку што би бил доколку не постојат овие два дневни центри. Нашата 17 годишна традиција како Дневен центар и Дневниот центар за лица со церебрална парализа покажува дека ние како институција и министерството се трудиме да ги унапредиме правата на овие лица, рече Дејан Тошески, директор на Меѓупштинскиот центар за социјална работа Прилеп.
Дневниот центар „Ѕуница е прв дневен центар од ваков вид во Прилеп. Отворен на 15.05. 2002г. Згрижува 25 корисници со умерена и тешка интелектуална попреченост.  Моментално го посетуваат 20 деца .
Активностите за одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска продолжија во просториите на Здружението на деца со посебни потреби „Порака“, како и во Дневниот центар за деца со церебрална парализа.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: