ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп гордо и достојно во одбележувањето на Нaрoдното востaние и антифашистичката борба

757
   Со традиционалниот импровизиран напад на градот и на Участакот, и со спектакуларен огномет, вечерва, Прилеп, онака како што и доликува на град- херој, ја одбележува 77-та годишнина од вооруженото борба против фашизмот.
     Централната манифестација почнува вечерва од 18.00 часот на плоштадот пред Участакот, Музејот на градот Прилеп, со настап на музчката група „The Four“.„Поздравен говор ќе одржaт градоначалниците на Прилеп и  Куманово, а поздравен говор ќе има и претседателот на Владата на Р.Македонија, Зоран Заев.

Во 19,45 ч. ќе има анимирана визуализација за случувањата поврзани со 11-ти Октомври. Импровизираниот напад на Участакот започнува во 19.55 часот, кога ќе следи и огномет. Настаните продолжуваат со музички настапи на неколку музички групи.
Утре , на празникот, прилепчани, претставници на локалната самоуправа, од Сојузот на борците, претставници од институциите и партите ќе им оддадат почит на борците, хероите и прилепчаните кои загинале во Народноослободителната борба и Револуцијата.
Цвеќиња ќе бидат положени на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои во паркот на Револуцијата, пред спомениците на Кузман Јосифоски Питу – идеологот на народноослободителната борба, пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ – Методија Андонов Ченто.
Утре, завршува и традиционалниот турнир во одбојка „ 11-ти Октомври-2018“ на кој учествуваа и ветерани. По повод 57 години од постоењето на Одбојкарскиот клуб 11-ти Октомври, утре  предвидени се и доделување на плакети на лица кои придонеле за развој на одбојкарскиот спорт во Прилеп, а од 13 часот, прв пат пред и во Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе се одржи уличен фестивал насловен „Со Марко на улица“.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: