ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп и Куманово за прв пат заедно за големиот празник (ВИДЕО)

722

https://www.facebook.com/javenprostorprilep/videos/175767063342600/

 

Участакот вечерва повторно беше нем сведок на историјата. За прв пат двата востанички града го слават Денот на народното востание – 11 Октомври. На местото каде пред 77 години сонот за слобода започна да се остварува, присуствуваше висока владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пратеници, претставници од дипломатскиот кор во земјава, двајцата градоначалници, домаќинот Илија Јованоски и Максим Димитриески, советници, претставници од Сојузот на борци, граѓани.
– Нашите храбри борци во Прилеп и Куманово, во Прилеп токму во оваа зграда, во Участакот кој што тогаш бил полициска станица, нашите храбри борци дојдоа тука и ја испукаа првата пушка. Втората група во затворот во Прилеп, а третата ги пресече телеграфско-телефонските жици во тој дел на градот. Тоа беше почетокот на борбата, на народноослободителната борба на нашите граѓани, 650 храбри борци загинаа во Прилеп и околината, од кои 10 народни херои“, потенцираше Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Гостинот од Куманово, Димитриоски во своето обраќање нагласи дека пред сегашната генерација претстојат предизвици со кои ќе се обезбеди достоинствен живот за сите, преку стабилност и безбедност.
Патриотизам е да се осигура иднината на татковината, иднината на нашите деца која ќе ја градат дома, потенцираше премиерот Зоран Заев.

– Нашиот патриотизам идните генерации ќе го почитуваат само ако им дадеме повеќе причини за тоа. Патриотизам е да ја осигураме иднината на нашата земја и на нашите деца. Тука да создадеме можност за нашите синови и ќерки, во Македонија. Тоа е патриотизам. Партиотски е да се осигураме дека нашата следна генерација има иднина тука, дома, рече меѓу другото премиерот Заев во овој историски моментум и од ова историско место, прецизирајќи дека „ секоја генерација е должна да ги проширува видиците, секој граѓанин на нашата држава и да реагира тогаш кога некој го блокира, го оневозможува развојот. Оваа должност и одговорност најмногу им припаѓа на политичките лидери, на народните избраници“.

https://www.facebook.com/javenprostorprilep/videos/175767063342600/

Програмата продолжи со повеќеминутен авангарден 3 Д мултимедијален перформанс на зградата на Участокот, дело на уметникот Ѕвонко Димоски, од „Јавен простор“ . Прекрасен иновативен приказ низ музика и игра на светлечки ефекти парче од историјата на Македонија. Следуваше традиционалниот импровизиран напад на Участакот, и на крајот 7 минутен огномет кој од многубројните присутни беше проследен со восхитување.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: