CSS Template

Прилеп ќе се разбуди под снежна покривка ( ФОТО-ВИДЕО)

Не очекуваат студени утра

542
Avtokontrol1

По краткото невреме со дожд и ветер ,  во Прилеп очекувано заврна првиот обилен снег.Снег кој што се очекуваше според метеоролозите.Колку и како ќе биде добредојден ќе покаже временската прогноза односно колку ќе се задржи снегот и каква ќе биде снежната покривка.Во текот на ноќта се  очекуваат  врнежи од снег и според предупредувањето од УХМР  ќе дува  силен северен ветер што пак ќе придонесе за значително опаѓање на температурата.Се очекува утре времето да биде облачно , студено и ветровито со врнежи од снег.

Снежна покривка се очекува да се формира на планинските делови и  западните региони од   земјава.Утринската температурa според метеоролозите ќе иснесува од -3 до 5 степени а дневната од -1 до 8 .Од задутре ќе преовладува променливо облачно ветровито и студено време.

Posted by Zlatko Roma on Tuesday, February 4, 2020

Прилеп како и повеќето градови во државава ќе се разбуди под  снежна покривка.Очекувана или не ?! Секако кога е тука е добредојдена за сите, затоа топол чај , топла облека и внимателно газење , за кон уште еден пријатен работен ден во снежни услови ,во прилепска белина, со најавена 4 степени дневна температура.

semm
Farma Dolneni
seishin
Semafor
Vivafarm