ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп: Одбележан Денот на сеќавањата во чест на паднатите руски војници во Првата светска војна

449

По повод Денот на сеќавањата, 1 ви Август, на Рускиот крст во Германските гробишта денеска беа положени цвеќиња, а претставници на Македонската православна црква одржаа панихида.
Традиционалната церемонија се одржува во пресрет на 1 август, кој во Русија се одбележува како Ден на сеќавање на руските војници загинати во Првата светска војна. Пред присутните се обрати рускиот амбасадор Баздникин, кој потсети меѓу другото дека 4,2 илјади војници и офицери на 2-та и 4-та специјална бригада на руската императорска армија, исполнувајќи го својот сојузнички долг во состав на Источната армија на Антантата, ги положиле своите животи на македонско тло.

– За жал, сèуште не ги знаеме сите нивни имиња. Амбасадата продолжува да работи на идентификување на гробовите на рускитевојници, вклучително и овде, во Прилепско, каде што во 1916-1917 година се воделе жестоки битки. Благодарни сме за помошта од страна на волонтерите, на локалните власти, колегите од амбасадите на други земји. Очекуваме на продолжување на оваа соработка, на која нѐ обврзува долгот пред нашите предци, рече амбасадорот Баздникин.

Загубите на руската армија, во Првата светска војна, посочи амбасадорот Баздникин, според различни проценки, изнесувале над 2,2 милиони загинати, 3,7 милиони повредени, 3,3 милиони заробени, кои се најголеми загуби во споредба со армиите на другите земји-учеснички.

На чествувањето по повод Денот на сеќавањата, покрај претставници од амбасадата на Руската федерација, присуствуваа воени аташеа, градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, како и претставници од Сојузот на македонските – руски друштва од Македонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: