ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп се поклони на хероите во чест на Илинден

495

Денот на Републиката 2 -ри Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, Прилеп го одбележа со полагање на свежо цвеќе пред прилепските херои, кои го дале својот живот за македоснката кауза за слободна и независна Македонија.

Поради пандемијата, делгациите од преставници од Советотот на Општина Прилеп, предводени од Претседателот на Советотот на Општина Прилеп, преставници од ограноцит на дел  од политичките партии, од здруженијата на граѓани и боречката организација во Прилеп,  без голема масовност, почитувајќи ги здравствените мерки на заштита , положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ , Методија Андонов Ченто,  на народниот херојот Кузман Јосифоски – Питу,  Ѓорче Петров,  Пере Тошев,  а свежео цвеќе беже положено и на Алеја на народни херои , на Споменик „Жена  борец“ и на Могила на непобедените.

„Славејќи ги двата историски Илиндена, од 1903 и 1944 година, со гордост се сеќаваме на делото на борците и револуционерите, кои со својата жртва трајно се вградија во македонската државност.Горди на славното и херојско минато, продолжуваме на патот на слободата и интеграцијата.„ -напиша претседателот на Советот на Општина Прилеп,Миле Талевски,при тоа четитајќи им го Денот на Републиката на граѓаните

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: