ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп во 2020 со најголем буџет досета !

764

Буџетот на Општина Прилеп, за 2020 година изнесува 1.538.035.000,00 денари и е за 11% поголем во однос на буџетот за претходната година.

Буџетските пари најмногу ќе се трошат за изградба и реконструкции на улиции локални патишта , а од капиталните инвестиици градоначалникот ги издвои :

“ 50 милиони денари се планирани за изградба на затворениот базен  и 45 милиони денари за градинката во населба ‘Точила’, 36,6 за реконструкција на булеварот ‘Гоце Делчев’, како и  30 милиони за Старата прилепска чаршија. Во буџетот за 2020 година, 173,5 милиони денари се наменети за изградба и реконструкција на улици и локални патишта, во кои спаѓаат реконструкцијата на мостот на улица ‘Трајко Николоски’, зимското одржување и одржување на хоризонталната и вертикална сигнализација.„ –истакна градоначалникот Илија Јованоски пред совениците  на последната сеница на Советот на општина Прилеп за оваа година

 

Опозицијата сметаше дека буџетот нема развојна компонента  и дека и оваа година нема да се троши корисно  ,па од говорницата, а потоа и на пресс конференција пред општинската зграда ,координторот на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ , Петар Ристески речиси идентично рече:

Цели две години градоначалникот ги отседна, па од преголема удобност заборави на ветените две спортски сали, на изградбата на нов театар, двете нови градинки, ново училиште, заборави и на ветените две обиколници околу Прилеп, на реконструкцијата на Старата чаршија, на ветениот затворен базен, спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро, заборави и на чистиот воздух, како и на проектите за младите. Ова се проектите со кои градоначалникот Илија Јованоски ја доби довербата кај прилепчани. Ова се проектите кои се покажа дека биле ништо друго освен низа лаги и поигрување со довербата на граѓаните. Во две години и од два потрошени буџети пари на граѓаните видовме само поскапување на сметките за вода за 60%, видовме трошење на партиски и роднински вработувања и видовме еден куп сомнежи за сторен криминал околу спроведувањето на јавните набавки.’

 

Точка на сопнување на Седницата , меѓу власта и опозиција  беше Прелог заклучкот во врска со  посавувањето на спомен обележјето “Споменик на стреланите борци од бугарскиот фашистички окупатор во село Дабница, Прилепско“. Заменет е со нов , а стариот кој  беше од бронза, беше искрешен на делови пред многу години , сега е реставриран, и е во Завод и Музеј Прилеп, за да остане заштитен

Спомен обележје во месноста Дабница, каде градоначалникот си постави споменик на 3.11.2019, а тендерската постапка за истиот траеше до 05.11 преставува дивоградба .  Постави споменик за кој нема добиено одлука од Советот, не е формиран одбор за одлучување и нема одобрение за градба –  рекоа од говорницата советниците од ВМРО ДПМНЕ , а истото го повтори и  координаторот на Соетничката група на ВМРО ДПМНР,  Петар Ристески на прес конференцијата

 

Според Претседателот на Советот на Општина Прилеп ,пак, Буџетот на Општината  за 2020 година е развоен. “Тоа го потврдува фактот што 56% од средствата од вкупниот буџет се наменети за капитални инвестиции“, вели тој

 

„Покрај капиталните проекти кои ги спомена градоначалникот Јованоски, тука се ставките во буџетот кои се однесуваат на помошта на социјално загрозените категории на граѓани, пред се’ преку мерката за субвенционирање од 5м/3 од  сметката за потрошена вода. Од аспект на заштита на животната средина, одделени се 4 милиони денари за инсталирање на инвертори, 2 милиони денари за субвенции за набавка на велосипеди, како и 2 милиони денари за реконструкција на покривите на неколку згради, односно станбени објекти во градот“, потенцираше претседателот на Советот на општина Прилеп, Миле Талевски.

На денешната седница програмата за култура за 2020, како и Одлуката за определување бесплатен градски превоз за пензионери, односно лица постари од 62 години за жени и 64 за мажи.

На денешната седница беа усвоени и Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп за 2020 година, финансискиот план на ЈКП „Пазари“ и ЈОУ Дом за стари лица „Кири Крстески-Платник“, и ЈКП ВиК

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: