ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчанката Мила Москов – ќе ја претставува Македонија на јуниорскиот Евросонг

1.773

Мила Москов, ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп ќе ја претставува Македонија на 17. Јуниорски евросонг 2019 кој ќе се одржи на 24 ноември во Гливице, Полска.
Аудицијата во Македонската радио-телевизија се одржала во саботата. Мила Москов комисијата едногласно ја избрала оценувајќи дека има најдобар настап, од вкупно 18 кандидати.

Инаку, Мила Москов, заедно со други таленти од приватното музичко училиште Матрикс и нејзините ментори беше гостин во емисијата „Музички филиграни“ на Радио Пела, каде особено дојдоа до израз нејзините уметнички квалитети. Настапувајќи во живо по нејзин избор од светски познати музички артисти, Мила го претстави својот исклучителен талент.

– Од најрана возраст Мила покажува интерес кон музиката и на шест години се запишува во локалното државно музичко училиште во Прилеп на одделот за пијано, но по две години се префрла на соло пеење каде и ги прави своите први почетоци во пеењето. На 11 години се пријавува на аудиција за мали таленти каде влегува во финале со што се зголемува интересот за пеењето. Во 2017 година се запишува во приватното музичко училиште „Матрикс“ во Прилеп, на настава кај професорот по соло пеење Денис Димоски. Таа година учествува на фестивалот „Мелфест“ како дебитант и ги собра симпатиите на публиката. Мила учествува и на хуманитарни манифестации и заедно со детскиот хор „Мали ангели“ пее на неколку концерти за помош на децата со посебни потреби, наведува МРТ.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: