ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепскиот ракометар Томче Петрески на чело на РК Пелистер

900

Дали некогашниот прилепски ракометар на Тут-Kом, репрезентативец и интернационален играч и тренер, Томче Петрески,  ќе застане на чело на РК Пелистер ?!

По големиот пораз во плеј оф дуелот со Еурофарм   (22:15) раководството на РК Пелистер , денес на одржаниот состанок едногласно му дало доверба на Томче Петрески,да го води Пелистер во наеднаите натпреварувања во Супер машката лига,  по оставката на досегашниот битолски тренер , Борче Марковски ,кој не покажа резултати со клубот.

Сега ,Томче Петрески  има тешка задача ,да  седне на жешкото столче на Пелистер и да го   врати клубо на правиот колосек по поразот со дмашо ривал РК Еурофарм Работник,во кој,пак, настапува прилепскиот интеранционалец, Горан Кузманоски-Таста.

Инаку, во својата богата ракометна кариера Петрески играше за најдобрите екипи од Македонија, а настапи и француската лига.По завршување на ракометната кариера ,како тренер водеше неколку ракометни клуба. Во Македонија кратко седеше на клупата на битолски Пелистер, а пред една сезона го водеше амбициозниот ракометен клуб РК Прилеп, но состојбите во македонскиот ракомет и финансиските проблеми беа причина за разделба. Петрески во Пелистер доаѓа од марокананскиот клуб Мулудија Спортиф Оујда. Инфорамцијата за доаѓањето на Томче Петрески  на чело РК Пелистер ја пренесе пораталот 24rakomet.mk

Радио Пела на 26 Ноември,2017г.имаше чест да бодие интервју од Томче Петрески(кое во целост можете да го прочитате на нашиот портал) Покрај дргото тој тогаш истакна :

Радио Пела: Ракометот во Македонија и ракометот во Мароко, во што е разликата?
-Според тоа што можев да го констатирам во овие изминати месеци и нема некоја очигледна разлика .И во двете земји недостасува напредокот. Сепак ракометот во Македонија е на повиско ниво имаме подобра ракометна култура. Како прв спорт во Мароко е фудбалот за разлика од Македонија, каде сепак ракометот е спорт број еден.

Радио Пела: Дали во твоите идни спортски планови ја има Македонија?
Секако дека би ми било драго, имам голема желба да растеме заедно со некој клуб од Македонија.Секогаш сум достапен за соработка со македонски клубови.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: