CSS Template

Прилепскиот театар со премиера на „Глембаеви“ до крајот на месецов

271
Avtokontrol1

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се интензивираат пробите за претставата „Глембаеви“ по текст од Мирослав Крлежа, во режија на хрватскиот режисер .
„Глембаеви“ е канонска драма на хрватската книжевност, но и драма играна буквално насекаде на просторите на поранешна Југославија., па и неколку пати во Македонија.
Ова е најдобриот драмски текст на Крлежа, во кој се говори за пропаѓањето на една моќна капиталистичка фамилија, за начинот како настанало нејзиното богатство, и како се распаднала.

        -Глембаеви ги гледам од поширока општествена ситуација, бидејќи е интересeн текст затоа што сите на овие простори сме Глембаеви, сите се обидуваат да бидат магнати, индустријалци, тајкуни, да зарaботат „лесно“ пари, без морал, со малверзации. Глембаеви се многу актуелни бидејќи такви ги има на сите страни. Eдна од причините за поставувањето на текстот на сцената е современоста на претставата – вели режисерот Брезовац.

Играат Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Андон Јованоски, Димитар Црцоркси, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Трајче Иваноски и Исидор Јованоски.
Автор на музиката е Никола Мицевски, кој првпат работи во театар, сценограф Ивана Кнез од Загреб, а Сузана Брезовец е костимограф.
Премиерата е планирана за крајот на септември, бидејќи веднаш потоа со петмина хрватски актери се работи заедничката престава „Глембаеви и Уште една легенда“ што премиерно ќе биде прикажана на почетокот на октомври.
Брезовац посочува дека ќе бидат две различни визуелни претстави.
-Заедничката ќе има необичен спој, ќе биде интересно за гледање. А во Хрватска можно е гостување кон крајот на ноември – посочува режисерот.

Vivafarm
Farma Dolneni