CSS Template

Прилепските боксери градат историја

246
Avtokontrol1

Известува: Никола Димески

За последното 6 то коло на боксерската младинска и сениорска лига на Македонија на 5.10.2019 домаќин беше Штип, а организатор боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип и Боксерската Федерација на Македонија (БФМ). На овој последен настап учество зеде и Боксерскиот клуб АС од Прилеп под водство на тренерите Ѓорѓи Чатлески и Дарко Чатлески. Пријавени боксери беа : Дамјан Талимче , Мартин Алексоски , Далибор Каранфилоски во кадетска конкуренција и Матеј Чатлески во категорија деца. Од сите пријавени зедоа учество само Дамјан Талимче и Мартин Алексоски, а другите двајца боксери немаа противници. Мартин Алексоски ја загуби борбата, а Дамјан Талимче победи со технички нокаут во 3та рунда. Освојувачи на боксерската младинска лига : 1 место БК Шкендија но лимит Тетово; 2 место БК АС Прилеп; 3 место БК Борец Велес.

„Покрај напорните тренинзи сите боксери добиваа и губеа борби, но сепак прилепските боксери го освоија второто место. Боксот е еден од најтешките спортови, нашиот клуб по втор пат го освојува второто место во младинската боксерска лига на Македонија. И овој резултат е за прв пат во историјата на Прилеп“, вели Чатлески.

Во овие 6 кола за БК АС Прилеп во лигата учествуваа и боксерите : Трајче Илиоски , Ерѓун Бајрамоски , Бојан Станојоски , Леонардо Ангелески , Димитар Ангелески.

Vivafarm
Farma Dolneni