ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските борачи слават јубилеј

521

Боречкиот клуб „7 ми мај Прилеп “ одбележува 15 години од постоењето. Свеченоста по повод јубилејот се одржа во ООУ „Гоце Делчев“, каде се собраа голем број борачи кои биле дел од клубот, од управата, поддржувачи на овој спортски колектив кој што остави длабоки траги во спортскиот развој на Прилеп.

Низ боречкиот клуб „7 ми мај Прилеп“ поминале над 400 спортисти кои максимално се вложија во развојот на клубот. Денес, активно се работи со 25 деца, под будното око на Илчо Маркоски, Александар Стојаноски и Сашо Игнатоски.

Во историскиот развој на прилепскиот боречки клуб со златни букви е запишано името на Маја Дејкоска која е првата репрезентативка, потоа Мартин Стојаноски што го носеше првиот медал од натпревари со интернационален карактер. Воедно, од „7 ми Мај Прилеп“ пред неколку години беше прогласен за најдобар спортист на Прилеп.
Претседателот на боречкиот колектив кој слави јубилеј Јане Тренчески, на свеченоста им се заблагодари на сите активни членови и сите кои оставија траги во неговата историја. По повод 15 годишнината од постоењето беа доделени плакети и благодарници за поддршка и афирмација на прилепскиот боречки клуб.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: