CSS Template

Прилепските фирми се соочуваат со недостиг од работна сила

559
Avtokontrol1

Прилепското стопанство има потреба од работници, беше речено на денешната седница на Економскиот совет. Околу 7 илјади активни баратели на работа во Центарот за вработување не можат да ја задоволат моментална побарувачката на фирмите. Работодавачите се соочуваат со проблем при подготовката на краткорочните 5 годишни планови за развој, вели Ирена Јакимоска, претседател на Регионалната канцеларија на Стопанската комора за Прилеп.

„ Регионалната канцеларија се обрати до Агенцијата за вработување, од каде дознавме колкав е бројот на активни баратели кои сакаат да остварат работен однос. Во моментов правиме интервјуа со нив, зошто и покрај тоа што им се нуди работна позиција, тие немаат интерес да се вработат. Бројката вели дека постојат 6.964 активни баратели на работа, а од друга страна стопанството се соочува со проблем на наоѓање работници за да можат фирмите да ги реализираат своите бизнис планови. Најважно е да се „прочешла“ списокот, да се види реалната состојба за побарувачката и понудата, после што ќе одиме со конкретни мерки за надминување на недостигот од работна сила“, нагласи Јакимоска.

На средбата иницирана од градоначалникот Илија Јованоски стана збор и за останатите проблемите со кои се соочуваат стопанските субјекти од градот, за нивните потреби, за деталните урбанистички
планови, како и за состојбите во спортот, пред се’ во фудбалот и ракометот и помошта која фирмите можат да им ја дадат.
Градскиот стадион подготвен ќе ги прими фудбалерите, со голема веројатност веќе за 2 месеци:

„ Благодарение на изведувачот, фирмата „Изофас“ која максимално се
ангажираше да го заврши стадионот до крајот на оваа градежна сезона. Се надевам дека и Фудбалската федерација ќе заврши со поставувањето на тревникот, така што ако се’ биде според планот од нивна страна, на 3 ти ноември на Градскиот стадион ќе гледаме фудбалски натпревар“, изјави градоначалникот Јованоски пред почетокот на седницата.

Farma Dolneni
Vivafarm