ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските културни работници штрајкуваат – Работиме во недостојни услови!

1.884

Над 60 работници во областа на културата денеска штрајкуваат во Центарот за култура Марко Цепенков и театарот „Војдан Чернодрински“. Вработените во Прилеп беа на своите работни места, но не ги извршуваа обврските, така што се откажани две театарски претстави и концерт. Предупредувачкиот еднодневен штрајк, го најави Синдикатот на културни работници на Република Македонија.
– Целта на штрајкот не се сведува првенствено само на покачување на плати, иако и тој сегмент од нашата борба е многу важаен, туку се работи за нешто многу поважно, а тоа е уредување на работните односи, каде владее тотален хаос веќе 15 години. Приоритет на СКРМ е да се уредат работните односи на една стабилна основа која ќе ја даде овој пишан документ за кој се залагаме и кој ќе овозможи понатаму да се реши секој проблем во културата врз база на него. Културата е првото нешто што ја претставува една држава низ светот и од нас се бара највисока професионалност во извршување на задачите, а за жал тоа не го добиваме од Министерството за култура. Работиме во недостојни услови, вели Ана Митоска,  музичар, претседател на Синдикатот на културни работници при НУЦК Марко Цепенков Прилеп.
И работниците во прилепскиот театар се приклучуваат кон штрајкот, за како што рекоа да го добијат вистинското место во општеството.
Синдикатот на културни работници на Македонија има поддршка и од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК),. кој донесе одлука да солидаризира зашто културата е дејност од национален интерес.
Од СКРМ потенцираат доколку предупредувачкиот штрајк не вроди со плод, тие ќе го радикализираат со генерален штрајк додека не се потпише колективен договор.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: