ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепското езеро ќе прерасне во зона на активен туризам

849

Велосипедска патека, тераси, летниковци и спортски игралишта се само дел од содржините кои се планираат кај вештачкото езеро, беше денеска презентирано во Општина Прилеп. Станува збор за План за управување со животната средина и социјалните аспекти, за потпроектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“.
Списокот на активности и интервенции кои се предвидени со проектот опфаќаат низа интересни содржини со кои треба да се врати некогашниот белег на спортско – рекреативен центар вештачкото езеро Прилеп. Потпроектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“, е изработен врз основа на Националната правна рамка и Политиката за заштита на животната средина и социјална политика на Светска банка, вели Борче Јанкулоски, проектен менаџер на потпроектот.

„Во проектот е планирано да се изведат 5 поединечни потпроекти: изведба на целосно осветлена велосипедска патека од потегот „Маркова чешма“ до с.Присад во должина од 7,3 километри и ширина од 3 метри, уредување на пристапна улица со паркинг простор од некогашниот мотел на вештачкото езеро, од каде продолжува рекреативно-излетничката зона како дел од проектот за уредување на мултимедијален простор со 3 тераси, 6 летниковци и урбана опрема каде ќе може да се организираат разни настани и културни содржини. Исто така, планирано е да се изградат две спортски игралишта, пешачка патека во должина од 750 метра, а ќе бидат поставени и клупи и канделабри. Имплементацијата на проектот има за цел да ја зголеми пристапноста на ова подрачје како зона за активен туризам и да го врати некогашниот сјај на езерото“, изјави Јанкулоски.

Проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“ во износ од 850.000 евра, финансиран е од ЕУ и сопствено учество на Општина Прилеп, а администриран од проектната канцеларија на Светска банка.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: