CSS Template

Примопредавање на градоначалничката функција во Општина Долнени

363
Avtokontrol1

 

 

По приемот на решението од Општинската изборна комисија нов градоначалник на Општина Долнени е Џемил Ќамили од Демократската унија за интеграција – ДУИ. Денеска во градоначалничкиот кабинет во општинската зграда во Долнени, во присуство на граѓани и претставници на медиумите се изврши примопредавањето на функцијата – градоначалник.

Новиот градоначалник е избран по вториот круг од локалните избори кои се одржаа на 29 ти октомбри, кога во Општина Долнени гласачите избираа помеѓу двајцата кандидати Џемил Ќамили од ДУИ кој освои 3. 845 наспроти, Билал Каришиќ од СДСМ со освоени 3.148 гласови.

 

Функцијата градоначалник на Општина Долнени во претходниот 4 годишен период ја извршуваше Боше Милошески од партијата на ВМРО – ДПМНЕ.

semm
Farma Dolneni
seishin
Semafor
Vivafarm