CSS Template

(ПРОГРАМА) Иновативност и традиција за 11 ти Октомври од Општина Прилеп

291
Avtokontrol1

Богата програма за одбележување на 11- ти Октомври Денот на народното востание, кога се слават 78 годишнината од почетокот на антифашистичката револуција подготви Општина Прилеп. Настаните поврзани со празникот започнаа во неделата на 6 октомври, со одржување на Меѓународниот турнир на џудо клубот „СЕИШИН“ и Downhill купот „Топташ 2019“, а ќе траат до 15 октомври.
Централната манифестација за која има најмногу интерес, која ќе се одржи утревечер на 10 ти октомври, за традиционалниот импровизиран напад на Участакот, граѓаните повторно треба да очекуваат изненадување. Слично на минатогодишното, кога за прв пат беше прикажан мултимедиален проект на објектот, годинава ќе бидат вклучени и други новини што ќе значи интерактивно вклучување на публиката.
Од програмата театарската претстава „Глембаеви“, изложбата на Меѓународна ликовна колонија „Куманово“ 2018, крводарителската акција на Црвениот крст, промоцијата на книгата „Старите занаети во Прилеп“, мотокрос трката „Stormriders 2019“, авто слалом натпреварот „Прилеп 11.Октомври 2019“, традиционалниот импровизиран напад на градот и огнометот, како и повеќето други манифестации, Општина Прилеп, се само дел од настаните.
Во одбележувањето на празникот се вклучува и Градската библиотека „Борка Талески“ со двата настана: промоција на книгата „Старите занаети во Прилеп“ на авторот Моника Талеска и изложбата „Да ги зачуваме старите занаети во Прилепската чаршија“.

„Во книгата станува збор за се’ уште зачуваните живи стари занаети во прилепската чаршија, за оние современи херои на Прилеп кои се обидуваат макотрпно, посветено и со љубов кон чаршијата и градот, во своите скромни работилници да ги одржуваат старите занаети кои што се продолжение и одлика на некогашните еснафи, поради кои што Прилеп го носи името на „еснафски град“. Со изложбата „Да ги чуваме старите занаети во Прилеп“, првиот проект добива мултикултурен пристап, бидејќи повторно во фокусот се прилепските занаетчии. Станува збор за 36 фотографии кои ги доловуваат старите занаети и се’ она што претставува конотација на дејноста која тие се обидуваат да ја одржат“, потенцираше Талеска.
Фестивалот „Со Марко на улица“ и годинава ќе се реализира на радост на љубителите на културата.
„Преку фестивалот„Со Марко на улица’“ кој ќе трае 2 дена, Општина Прилеп повторно прави промоција на културните работници од драмска, ликовна, музичка, издавачка дејност. Покажавме и досега дека е многу важно да ги негуваме нашите, прилепските културни работници и овој фестивал им е посветен ним и на нивната промоција“, напомена Јана Јанеска-Ристески од Општина Прилеп.
Што се однесува до останатите настани предвидени во Програмата, тука се, изложбата на скулптура на Марјан Стојаноски и детскиот фестивал „Ѕвездички“. Воедно, вклучени се и спортски манифестации како што е турнирот во одбојка „11 Октомври 2019“, во организација на Здружението на спортски ветерани на Прилеп и ОК „11 Октомври“, во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“.

ПРОГРАМА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 11.ОКТОМВРИ

 Недела, 6 октомври

 10:00ч.11ти Меѓународен турнир во џудо „Прилеп Град Херој –  2019“

Џудо клуб „СЕИШИН“, спортска сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

 11:00ч. Downhill куп„Топташ 2019“, Државно првенство на Република Северна Македонија, Клуб за екстремни спортови Skyriders и велосипедски клуб „Илинден“

 20:00ч.Изведба на претстава „Delirium tremens“ во режија на Игор Трпчески, КПУ Затвор Прилеп.

 Понеделник, 7 октомври

 20:00ч. Изведба на претстава „Глембаеви“ во режија на Бранко Брезовац, театар „Војдан Чернодрински“

 Среда, 9 октомври

 09:00ч. Фестивал „Медот и пчелните производи-инвестиција за вашето здравје“, плоштад „Методија Андонов – Ченто“, 09-12 Октомври

 18:00ч. Меѓународна хуманитарна поетска манифестација „Со босоногата по патот на светлината – 2019“, кино „Мис Стон“

 19:00ч. Отворање на изложба на Меѓународна ликовна колонија „Куманово“ 2018 година, во присуство наградоначалниците на општина  Прилеп, Илија Јованоски и општина Куманово, Максим Димитриевски, галерија на ЦСЛУ-Прилеп

 20:00ч.Концерт на класична музика – Маја Црвенкоска сопран, фоаје на НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп

 Четврток, 10 октомври

 09:00ч.-14:00ч.  Крводарителска акција на Црвен крст на град Прилеп, во просториите на НУЦК „Марко Цепенков

 17:00ч. Промоција на книга „Старите занаети во Прилеп“, автор Моника Талеска, фоаје на НУЦК „Марко Цепенков

 18:00ч. Изложба „Да ги зачуваме старите занаети во Прилепската чаршија“, фоаје на НУЦК „Марко Цепенков

 18:30ч. Изложба на скулптура, Марјан Стојаноски во ликовна галерија на НУЦК „Марко Цепенков“

 Централна манифестација, бина пред Участак

 18:00ч.Детски фестивал „Ѕвездички“

19:10ч.Поздравен говор наградоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски

19:15ч.Анимирана визуелизација за случувањата поврзани со 11.Октомври и импровизиран напад

19:30ч.Огномет

19:40ч.Музички  перформанс Dance Studio Куманово

20:00ч. концерт „The Dramers

21:30ч. концерт на„MDAveiro ft. IM-X

 22:00ч. DjHaris I Robbie Ray LedRobot

 Петок, 11 Октомври

 07:00ч. Старт на велосипедската тура Cross Border Bike Tour, Здружение „Велосипед 2015“, Камена бина

08:30ч.Положување на цвеќињана спомениците на Методија Андонов Ченто иКузман Јосифоски – Питу

08.45ч. Во чест на паднатите борци: Марш од Участакот до Паркот  на револуцијата и положување на цвеќе:

09.15ч.  Алеја на народни  херои

09.20ч.  Споменик „Жена борец“

09.30ч.  Могила на непобедените

09.45 Обраќање на градоначалникот Илија Јованоски и на претставници на Владата и Сојузот на борци – Прилеп

 10:00ч. Турнир во одбојка „11 Октомври 2019“, Здружение на спортски ветерани на Прилеп и ОК „11 Октомври“, спортска сала на СОУ „Ѓорче Петров“

 13:00-01:00ч.уличен фестивал „Со Марко на улица“, летна сцена НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп

 19:00ч. 9.Поетски Слем Македонија 2019та, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“

 Сабота, 12 Октомври

 13:00-01:00ч. уличен фестивал „Со Марко на улица“, летна сцена НУЦК „Марко Цепенков“

 19:00ч. Детски фестивал „Ѕвездички“, НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

 Недела, 13 Октомври

 10:00ч.Мотокрос трка „Stormriders 2019“, Клуб за екстремни спортови Skyriders, Мотокрос Арена Лагово

 13:00ч. Авто слалом натпревар „Прилеп 11.Октомври 2019“, АКК „Скопје“, булевар „Гоце Делчев

 19:00ч. Детски фестивал „Ѕвездички“, НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

 Вторник, 15 Октомври

 13:00Трибина на тема „Да ги зачуваме старите занаети“, ЈОУ градска библиотека „Борка Талески“

Vivafarm
Farma Dolneni