CSS Template

Промоција на монографија „Старите занаети во Прилеп“ и изложба посветена на прилепските занаетчии

139
Avtokontrol1

Монографијата со наслов „Старите занаети во Прилеп“на авторот Моника Талеска, вечерва ја доживеа својата промоција во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

„Фактот што Прилеп во своето срце ја има прилепската чаршија, а што душата на таа чаршија се прилепските занаетчии, кои што работат во своите скромни работилници толку посветено, трудољубиво, мирно,тивко и достоинствено целиот свој живот и кога ќе ги сретнете ќе забележите дека тие немаат некои свои барања, туку сакаат во животот да ги платат само сметките и да го завршат месецот без долгови, ми се чини дека е повеќе од голем предизвик. Да посакате да влезете за момент во нивните дуќани и да другарувате неколку часа со ковачот, наланџијата, гајдаџијата, со првиот бербер, со фризерот Јовица, со Иван електричарот, со „Клапа“ молерот… со прекрасни души, со прекрасни луѓе кои живеат различни децении од својот живот, но добар дел од својот работен век го посветиле на нашите граѓани, продуцирајќи, давајќи и создавајќи услуги чија употребна вредност полека се намалува“, посочи Моника Талеска, автор на книгата „Старите занаети во Прилеп“.


Искажувајќи голема почит кон занаетчискиот труд, градоначалникот Илија Јованоски потенцираше дека е особено радосен што прилепските занети ќе останат овековечени во делото на авторката Моника Талеска, што е важно за Прилеп и идните генерации.
„Јас сум среќен и задоволен, а особено горд што вечерва мојата драга пријателка и соработник, Моника Талеска ја промовира својата прва книга за старите занаети во Прилеп. Знаеме дека низ вековите продефилирале многу занаетчии, бидејќи Прилеп е град на занаетчиите. Се вели дека нема подобар факултет од еден занает, или како што вели поговорката која прилепчани често ја користат ‘занаетот е златна белезица’. Наредната година, на задоволство на граѓаните, дуќанџиите и занаетчиите, на пешачкиот простор во целата прилепска чаршија ќе бидат поставени нови гранитни плочки“, посочи градоначалникот Јованоски.
Промоторот Слободан Беличански, во своето излагање посочи дека живите стари занаети се дел од културната историја на Прилеп.
„Живите стари занаети во градот, сето тоа е дел од достоинствената културна историја на Прилеп и дел од неговото утре. Воедно, книгата треба да се сфати и како повик за продолжување на нашиот грижлив однос кон културата“, истакна Беличански.
Монографијата го регистрира актуелниот миг од еснафите, со осврт кон занаетите кои полека исчезнуваат и оние што никогаш нема да згаснат. Во книгата се приказните за последниот ковач, последниот самарџија, последниот наланџија, последниот гајдаџија, професионален саатчија за часовници со механизми, последниот бочвар, шапкар …
Книгата го отсликува духот на чаршијата што опстанал и покрај сиот виор низ вековите, но содржи и извадоци од делата на странски патописци низ вековите, како Евлија Челебија, Ами Буе, Јован Хаџи Васиљевиќ, Георги Трајчев. Тука се и содржините за панаѓурски Прилеп,за карактерните црти на прилепчани кажани уште пред век и пол, задржани и денес.
Во рамки на програмата за одбележување на празникот 11.Октомври, беше отворена и поставката на фотографии „Да ги зачуваме старите занаети во Прилепската чаршија“. Станува збор за 36 фотографии кои ги доловуваат старите занаети и се она што претставува конотација на дејноста која тие се обидуваат да ја одржат во живот.
Проектот ‘Да ги зачуваме старите занаети во прилепската чаршија’, е финансиски поддржан од Министерството за култура, во рамки на манифестацијата ‘Нов културен бран’. Станува збор за 36 фотографии кои можете да ги видите во еден поинаков стил, ги работеше Александар Десоски, а дел се мои фотографии. Морам во оваа прилика да се заблагодарам на Александар и на фото ’Зрак’, за неговата посветеност, за неговото внимание, а особена благодарност до занаетчиите“, посочи Моника Талеска.
„Поводот поради кој сме тука, е вечерашната изложба. Ова го работевме заедно со Моника Талеска. Многу ми се допадна како проект, уште од првиот момент кога ми беше презентиран. Направивме прекрасни 36 фотографии од различни занаетчии, кои вечерва се изложени тука“, посочи фотографотДесоски.
Со изложбата „Да ги зачуваме старите занаети во Прилеп“, првиот проект добива мултикултурен пристап, бидејќи повторно во фокусот се прилепските занаетчии.

Vivafarm
Farma Dolneni