ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Простор за складирање отпад или депонија е плац во нас. “Сточен пазар“ ?!

682

„Просторот од оваа депонијате е од “ЈКП Комуналец” , сместена во населбата кај “Сточниот Пазар” во Прилеп.„  -ова го регистрира огранокот на „Левица’- Прилеп,  нагласувајќи дека граѓаните се гневни од вавкиот начин на управување со отпад и неговото складирање на само неколку метри од нивните домови.

„Претоварната станица за комунален отпад веќе подолго време предизвикува негативни влијанија врз животната средина, животот и здравјето на луѓето во самиот град Прилеп. Покрај тоа е прекршен и законот кој вели дека ваков вид на времено чување е можно но само за период пократок од една година, каде во овој случај тој рок е веќе пробиен. Во околните куќи се жалат дека овој начин на постапување со отпадот не е прифатлив за животната средина. Притоа грубо се прекршени неколку законски правила за постапување со отпад како: Загадување на водите, воздухот и почвата над пропишаните граници ,создавање бучава и непријатна миризба и нагрдување и неуредување на објектите и просторот во урбаните зони„- објавува од Левица – Прилеп, потврдувајќи го ова со видео 

Од ЈКП „Комуналец“ велат согласно Законот за управување со отпад, за посоченото место е издадена дозвола за вршење на дејност складирање, третман и /или преработка на отпад од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање  и  овој плац  комуналното претпријатие го користи од 1973 година.

„Кога по однос на заштитата на животната средина, зборуваат против јавното претпријатие и против локалната самоуправа, од „Левица“ треба да знаат дека Прилеп е меѓу ретките градови во државата, каде во градот и населените места е воведена селекција по принципот „врата до врата“, дека Прилеп единствен град каде на секој чекор ќе сретнете контејнери за селекција на различни видови отпадни материјали, каде секоја година се вложува и усовршува селекцијата. Почитувани од „Левица“, Ја загрозуваме ли животната средина со тоа што во 2017 година се слектирале 4.917 тони, во 2018 4.643 тони, а во 2019 5.279 тони?
Ја загрозуваме ли животната средина за тоа што отпадениот материјал на дневна основа се доселектира и балира,  а се состои од  ПЕТ амбалажа, сите видови отпадни пластични материјали, отпад од пакување, кои не ја загрозуваат животната средина и кои не се разложуваат во природата и до 1.000 години?
И за крај, ја загрозуваме ли животната средина со тоа што Општина Прилеп рециклирачките отпадни материјали ги искористува за повторна употреба, не ги транспортира до депонијата Алинци, која согласно закон не смее да се пали, а која досега ќе беше огромна планина за која не ќе знаевме што со нејзе? ЈКП „Комуналец“ е секогаш спремно да слуша критики, предлози и идеи кои се во согласност со законот, но да земеш камера во раце и да снимаш отпаден материјал кој чека негово селектирање, да кажеш дека тоа е депонија, е крајно некоректно, невкусно и претставува манипулирање на граѓаните. И да напоменеме дека Општина Прилеп сеуште слектира отпад, онолку колку што селектираат сите општини заедно на ниво на држата, вклучително и Градот Скопје.  – меѓудругото се вели во  писмено објаснување на ЈКП Комуналец во однос на плацот со отпад кај наслебата „Сточен пазар“

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: