CSS Template

Работниците од ,,Дрекслмајер” на принуден одмор без прецизен старт на повторно производство

1.034
Avtokontrol1

Германската компанија ,,Дрекслмајер” лоцирана во Кавадарци, испраќа работници на колективен платен одмор во траење од две недели.

„Од денес па во наредните две недели вработените во нашата компанија ќе користат колективен платен одмор. Секако, здравјето и безбедноста се на прво место, па така точниот почеток на производство и работа е во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со ширењето на коронавирусот, како и од развојот на настаните во автомобилската индустрија и нарачките што ги добиваме од нашите клиенти“, се вели во соопштението од компанијата за Радио Пела.

Во зависност од производствените линии, некои работници добиле известување дека треба да бидат на принуден одмор до 30 ти март, некои до 6 ти април. Точниот почеток на производство и работа е во зависност од состојба со коронавирусот, но и развојот на настаните во автомобилската индустрија во светот, велат од компанијата.
Во фабриката работат над 5.300 лица од Кавадарци, Неготино, Прилеп, Велес и околината.
Германската компанија произведува делови за автомобилската индустрија. Таа е еден од најголемите работодавачи во земјава.

semm
Vivafarm
seishin
Farma Dolneni
Semafor