ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во ракометен Прилеп на повидок меморијален турнир “Таста – Лара„

1.116

Во чест на двајцата ракометни легенди, кои починаа минатата година, Пeтар Кузманоски – Таста и Влатко Коруноски – Лара, ракометен Прилеп ќе организира меморијален турнир за ветерани/ки.

Турнирот е во организација на ЗС Млади ветерани“ – Прилеп , а ќе се одржува на отворен терен, на герфлор подлога, и ќе трае три дена, од 31-ви мај до 2-ри јуни, 2019 г.

Организаторите засега не го откриваат бројот на учесници, ветерани и ветеранки, но се знае дека ќе има екипи од Македонија и од странство, а една од екипите ќе биде ветеранките на некогашен “Тут-ком“ , екипата која заедно со Таста и Лара , како тренерски тандем, го постигнаа најголемиот ракометен успех во тогашната женска македонска лига (1987/88) , влез во втората YU лига-Југ и со самиот влез, освоување на вторто место.

Целта на турнирот „Таста –Лара“  е да се задржи споменот на овие двајца ракометни великани, спортисти со големо срце и одлични познавачи на ракометната игра, достојни ракометни борци и врвни тренерски мајстори, кои оставија не забравен белег во ракометот во Прилеп. Од друга страна,целта е ракометот да продолжи да се негува и живее во овој град под Марковите кули, од каде произлегуваат врвни ракометни имиња, меѓу кои,  и Горан Кузмансоки, синот на Петар Кузманоски –Таста.

Турнирот не е случаен! Таста и Лара беа идоли на многу ракометни спортисти, а со нивната вештина и знаење се квалификуваа во ценети и успешен обучувачи, како ракометени тренери, на плеада ракометари  и ракометарки,  во рамки на некогашниот клуб „ТУТ-КОМ“. Токму, момците, организатори, од ЗС Млади ветерани“ – Прилеп се дел од ракометарите кои „излегле“ како одлични спортисти и познати ракометари, благодарение на стручниот ангажман на овие двајца големи ракометни имиња.

 

Петар Кузманоски –Таста беше од редот на најдобрите прилепски спортисти. Ракометен бомбардер и голготер , без кого не можеше да се замисли ниту нападот, ниту одбраната на РК „Тут Ком“-Прилеп. По завршувањето на играчката кариера тој продолжи со тренерската, во машкиот младински и сениорски погон, потоа и во женскиот, и со својот соиграч и пријател Ларата, го постигна најголемиот успех како тренери на женската екипа РК  „Тут-ком“. Со неговиот дигнитет и авторитет, Таста стана и Претседател на РК Тут –Ком, беше координатор на младинската репрезентаицја, која го постигна најголемиот успех (првак на Балканот и Четврта во Европа, во која настапуаше и неговиот син, Горан Кузманоски) Тој, остана активен во ракометот во Прилеп и по распадот на РК Тут –Ком. Беше  стручен советник  во женската екипа на „Жито Прилеп “, формира  пионерка школа и екипа „РК Таста 107“ за млади ракометарки, која  успешно се натпреваруваа во Првата женска ракометна лига; беше иницијатор и организатор на спектакуларниот ракометен настан, кога играа ветераните на Македонската репрезентација со ветерани „Тут-Ком“, 2012 год. за собирање средства за изградба на црквата „Св.Петка“-Точила. Активно работеше до крај за развој на ракометот, давајќи низа стручни совети.

Влатко Коруноски – Лара ,снајперист и левак, со силен и прцизен шут ги полнеше противничките мрежи. Својата кариера ја започнал како средношколец и настапувал за тогашен “РК Прилеп“ (1967/68 г). 1972/73 година екипата се преименува во РК Тут-Ком, па Лара ги брани боите на РК Тут-Ком со што и се закити со титулата ,најдобар спортист на град Прилеп. Беше член на Македонската ракометна репрезентација, постојано на листата на најдобар спортист на градот, и беше постојано под удар не емисарите за да го уловат во своите редови. Во тој наплив на понуди,една полусезона поигра и за РК „Пелистер“. Коруноски ја завши играчка кариерата во Тут-ком, но и тој не се оддели од ракометот. Ларата беше еден од ракометните бисери на РК „Тут –Ком, во мозаикот на легенарни ракометари, кој остана во клубот да го пренесува успешно искуство на младите. Заедно со Таста, како тренерски тандем, ја донесе женската екипа во втора лига, и малку недостасуваше таа да стане и прволигашка..Беше тренер на женската екипа РК “Тут –Ком- Бренд“  до 2000/2001 ,но никогаш не се откажа од спорт и ракометот.

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: