ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

РК „Прилеп„ игра натпревар за опстанок

878

РК Прилеп среда 23 мај ќе игра натпревар за опстанок. Екипата на РК „Вардар јуниор“ е нивни противник и реален фаворит. Но прилепчани велат нема да се предадат, зашто пак ним им зависи опстанокот. Натпреварот се игра во 17,оо ч. Во салата на СОУ „Р.Р Ричко“ и поддршката на публиката е максимално потребна.

 

„Ја повикувам публиката, љубителите на ракометот да ни ја дадат максималната поддршка, бидејќи без нив „битката“ за освоување на бодовите во Прилеп, против  РК Вардар Јуниор“ би била потешка. Се надевам дека ќе дојдат во поголем број да го проследат натпреварот и ќе ни помогнат како екипа во нашата намера да го совладаме РК „Вардар Јуниор“.Тие се навистина благи фаворит на овој натпревар, но ние нема така лесно да отстапиме од нашата намера да останеме во лигата и мислам дека нема да ја испуштиме оваа шанса.“- вели тренерот на РК Прилеп ,Оливер Димитриоски

„Ова е еден од двата последни натпревари со која можеме да се спасиме од играње бараж за опстанок во Супер лигата и избегнување на претпоследната позиција на табелата.Овој натпревар ни е клучен, и како клуб, за опстанок на клубот, но и како екипа, која има интенции да продолжи в година да се натпреварува во Супер лигата. И, утре, немаме никаква друга опција. Имаме натпревар на кој мора да се оди на победа, бидјеќи се другото е промашување. И, утрешниот, но мора да се победи и на идниот меч со РК „Металург“, само така можеме да го избегнеме баражот за опстанок.“ – вели Димитриоски

„Прво тежината на овој натпревар ја носат постарите, поискусните играчи, кои ни дојдоа да ни помогнат во натпреварувачкиот дел на оваа полусезона и секој тренинг се се подобри, без оглед на таа нивна долга ракометна пауза и возрасната граница, но ракометот не се заборава, така што искуството нивно ни е од огромна помош и ќе биде од огромна поддршка за останатите ракометари, кои се недоволно искусни во натпреварување од ваков ранг. Но, голема е мојата  доберба и кон овие млади играчи,бидејќи тие сепак се носители на играта .Во комбинација „искуство со младост“ верувам дека ќе успееме да ги земиме тие три бода од

„Вардар Јуниор на утрешниот натпревар. Потреба на само максимална посветеност на играта, концентрираност на натпреварот, почитување на противникот, но никако потценување на сопствените сили, максимална ангажираност на секој поединец – порача Димитриоски

Основен идеа на неговото доаѓање  во Прилеп,од младински тренер на РК „Металург“ е создвање и правење на европска екипа .

„Се надева дека идната година тоа ќе се оствари,зашто Прилеп го заслужува тоа,како ракометен град“-стакна на крај Димитриоски

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: