CSS Template

Рубинчо Ристески : Пинг-понгот е терапија за моето здравје (ФОТО)

15 години државен првак во пинг-понг кај лицата со инвалидност

445
Avtokontrol1

Телесното вежбање и спортот не се резервирани само за здравите лица. Лицата со инвалидност имаат дури и поголема потреба за вежбање а праксата покажува дека при изборот на спорт важно е правилно да се изберат спортските дисциплини кои поволно делуваат на целиот организам и ја зголемуваат мускулната сила, подвижноста, еластичноста и координацијата на движењата. Спортот, покрај за физичкото здравје , игра голема улога и за емоционалната состојба на лицето со инвалидитет.Ова наше интервју е посветено на човекот кој поради една неисправна вакцина против детска парализа ( полиомиелетис), влегува во вистинска битка со животот, со новото, за него секојдневие, каде наместо имунитет, прилепчанецот Рубинчо Ристески се разболува од таа болест и со трајни оштетувања и инвалидност  на едната нога и покрај неколкуте операции, веќе 39 години “истрајно,трпеливо и спортски ” чекори низ животот.Зошто? Затоа што уште како мал сакал да спортува, но кога,  не по негова вина морал да биде ограничен со изборот , тогаш пингпонгарската игра влегува во неговиот живот.

Радио Пела : Зошто го избра пингпонгот ?

Ристеки : Избрав да тренирам пинг-понг, рекреативно но и на некој начин да ми биде и како еден вид на терапија за подобрување на моето здравје. Во 1991 се запишав да тренирам пинг-понг во пинг-понгарскиот клуб Младост од Прилеп во кој само јас бев лице со инвалидност. Во 1996 година ми беше предложено да се натпреварувам и да земам учество на натпревари за лица со инвалидност. Учествував на државно првенство во Скопје на кое не забележав позначителен резултат, не дека не бев спремен туку спортот кај инвалидите има специфичности во техниката со која јас имав проблем и не можев да се справам.

Радио Пела : И покрај твојата здравствена состојба , кога сметаш дека со пингпонгот направи одлични резултати ? 

Ристески : Мојата кариера напредуваше на почетокот на новиот миленуим, во 2000 година бев за прв пат носител на медал и за прв пат влегов во репрезентацијата на Македонија, во која сум еве без прекин 19 години.Прв пат државен првак за лица со инвалидност станав во 2003 година и од тогаш до денес во овие 17 години сум 15 пати државен првак а две години немав учество на државни првенства. Носител сум на многу меѓународни медали на меѓународни првенства на кои сум учествувал. На европските првенства немам позначителен успех а на светските првенства немам учествувано. Не би сакал да се фалам но статистиките кои се водени во Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди од Прилеп како единствена организација која го претставува спортот за инвалиди во Прилеп , јас сум најдобар спортист на сите времиња на овој град и еден од 3-цата најдобри пинг-понгари со инвалидност во историјата на Македонија.

Радио Пела : Како и секој спортист , сигурно имаш неостварен сон ?

Ристески : Мој сон беа параолимписките игри, кој за жал не ми се исполни. Денес сум вонреден студент од втора година на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје насока спорт за инвалиди,  јас сум единствен студент во државава на кој факултетот работи на таа насока и нема друг што завршил. Цел ми е еден ден на некој иден млад спортист да му помогнам со стручно знаење во остварување на сонот Олимписки или Параолимписки игри.

Успесите на Ристески станаа вообичаена пракса и никого повеќе не изненадуваат,  бидејќи Рубинчо посветено го работи она што го знаеа и умее. Како репрезентативец и пред се човек кој на многу поинаков начин допринесува за  македонскиот спорт, ние му посакуваме уште многу повеќе резултати и секако како “ментор” учество на најпрестижната спортска манифестација а тоа се Олимписките односно Параолимписките игри.

 

semm
Farma Dolneni
Semafor
Vivafarm
seishin