CSS Template

СAШО ЈАНДРЕСКИ – дете иноватор- Предлог бр.7 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“ – Чудо од дете!

430
Avtokontrol1

ЧУДО ОД ДЕТЕ

Го нарекоа „чудо од дете“ и не згрешија! Тој го патентира новиот медицински шприц, кој е првиот патентиран производ во областа на медицината во Македонија, после  25 години. Има само 16 години и е гимназијалец, со визии и идеја да помогне во заштитата на здравствените рабоници кои со неправилната употреба на медицинските шприцеви се изложени на опасноста да се заразат од Хепати Б  и Ц. „Јандреевиот шприц“ ,како што се нарекува шприцот идеја и патент на младиот прилепски иноватор Сашо Јандрески,  ја заштитува и животната средина ,бидејќи е направен од биоразградлива  пластика, бидејќи пластиката е најголемиот еко непријател на земјината топка.

Шприцот е компактибилен за секаков вид терапии: дермална, епидермална, мускулна и интравенозна. По инјектирањето на лекот, иглата се повлекува и навлегува во волуменската капсула, доаѓа до блокаторот кој го блокира целиот шприц. Шприцот е само за една употреба. Новиот медицински шприц има  посебни комори за игла, за дезинфекционо средство. За негова изработка  има интерес од странски компании. Државниот завод за индустриска сопственост го поддржа патентот.

Сашо Јандрески е ученик во втора година во гимназијата “Мирче Ацев„ .Волонтер е на Црвниот крст и во Службата за итна медицинска помош во прилепската болница „Борка Талески” на педијатриското одделение. Идејата произлега токму од неговата активност како волонтер, и започната е од ноември 2018 година. Поддржана е од повеќе истражувања и математички пресметки, благодарение на неговите ментори професори по математика, биологија и мајчин јазик.

Неговото  мото е: „Иднината е во сите нас,  сите треба да сме креативни, да создадеме нешто подобро за нашата држава, за целото општество, за целиот свет„

 

Vivafarm
Farma Dolneni