ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се е подготвено за ракометниот меморијален турнир „Миле Нешкоски“

632

Утре и сабота во Прилеп, во Уиверзалната сала (салата „Сонце“) ќе се одржи Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. На турнирот ќе земат учество 4 екипи : екипата на РК Прилеп како домаќин и две екипи од Македонија,РК Струга и РК Пролет ,како и една од Црна Гора, РК Ловќен.

Средбите започнуваат,утре,петок во 18,оо ч,каде ќе настапат екипите на РК Прилеп И РК Струга, а од 20 часот ќе се сретнат екипите на Пролет и Ловќен.

Финалето е в сабота. Победниците  ќе играат во финалето  од 20,оо часот, додека за трето место на турнирот натпреварот ќе започне  во 18,оо часот. Меѓу финалната средба ќе биде организирани ревијален натпревар помеѓу ветераните на македонската репрезентација, а ќе одиграат и ревијален натпревар ветераниките на РК Гевглеија и  Прилеп.

„Ова е почеток на ракометната есен во Прилеп.Турнирот ќе биде одлична можност да се измерат силите на РК Прилеп пред стартот на првенството во Супер лигата 15/16 септември. Турнирот ќе  биде организиран во салата ,каде што некогаш Тутунски комбинат ги играше средбите како домаќин за кои настапуваше и Миле Нешкоски, во чест се игра овој турнир“, вели спортскиот директор на Прилеп, Гоце Макалоски.

Оваа година како тренери на екипата се вклучени Пеце Ваљјноски и Тони Димоски ,а управата е составена од поранешни ракометари, целта е клубот застани на „здрави нозе“.- вели спортискиот директор „Имаме и нови играч : Филип Ролески, Пеце Ѓорѓиоски во вративме во матичниот клуб, Бозароски, Ангелоски,Кире Макавелов од Велес ,Јане Јанески…, што не значи дека до почетокот на првенството, нема да се засиливме со уште некој играч,се со цел да имаме успешна сезона„- рече Маклоски за Радио Пела

Пред почетокт на меморијалниот турнирот ќе биде положено свежо цвеже пред споменикот на ракометарот Миле Нешкоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: