CSS Template

Се наѕира ли шампионска титула за пингпонгарите на Младост 96?

76
Avtokontrol1

Иако третопласирани на крајот од есенската полусезона , пинпогарите на Младост 96 активно се подготвуваат за пролетниот дел од суперлигашкото друштво.Управата полека го комплетира ростерот кој треба да игра главна улога во шампионатот во продолжението за врвот на табелата.Младост 96 се засили со српскиот репрезентативец , Стефан Костадиновиќ , со осумкратниот македонски шампион кој изминатата година настапуваше во Германија , Кристијан Станојковски, како и со Раиф Рустемовски кој живе игра во Шведска.Покрај новите освежувања во тимот , тука се и Александар Рикалоски , Петар Костовски , Андреј Лашкоски и Бранислав Миленковиќ под раководство на тренерот Гоце Тошески.

Според зборовите на луѓето кои се инволвирани во прилепскиот клуб се очекува оваа есен Младост 96 да се натпреварува и во европските купови.Златко Рикалоски кој е потпретседател на федерацијата истакна дека финансиската состојва во клубот е стабилна благодарение на спонзорите на клубот , како и доделениот ваучер од страна на АМС.Екипата ги започна подготовките во пингпонгарската сала Партизан а од 20-ти  Февруари договорени се подготвителни натпревари во Србија , Ниш, со тимот на Железничар.

Првенството во Супер лигата започнува на 1-ви Март каде екипата на Младост96 е слободна, а од 8-ми Март на вториот турнус кој се игра во Скопје,Младост96 ќе игра со ППК Радовиш и ППК Телеком Нец.Исто така клубот работи и со пионерската и младинската екипа,каде од Февруари ќе започнат вторите бодовни турнири на Македонија,како и поединечните Државни првенства.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm