CSS Template

Се реконструира патот што ги поврзува општините Долнени – Чашка

178
Avtokontrol1

Во Општина Долнени забрзано се асфалтира првата од двете делници на патниот правец од Долнени до општината Чашка. Трасата е од населеното место Црнилиште преку Бабуна до општина Чашка. Се асфалтира првата делница од седум километри од патниот правец вкупно долг 11 километри за кој државата одвои околу 80 милиона денари, а го работи ЈП „Македонија пат.
Изградбата на овој пат е од големо економско значење, а посебно за скратувањето на патувањето од Долнени до Скопје за 60-ина километри, зашто досега жителите патуваа цели 160 километри преку Прилеп и Плетвар.
Двете соседни општини (Долнени и Чашка) инфраструктурно не беа поврзани, а сега ќе имаат огромни придобивки 14 000 жители.

Vivafarm
Farma Dolneni